Сребрено или Сребрени (дијалектно: Стребрено / Стребрени; , Аспрогија; до 1926 г. Στρέμπενο, СтрембеноΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Στρέμπενον -- Ασπρόγεια) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 209 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.

Географија Селото е сместено 55 км јужно од Лерин во подножјто на планината Вич, на 1 км од главниот пат меѓу Суровичево и Костур. Лежи на границата помеѓу традиционалните краишта Леринско и Костурско.

Историја Во Отоманското Царство мини|десно|Споменик на гркоманскиот андарт Вангел Георгиев на влезот од селото. На почетокот на XX век Сребрено е заведено како чисто македонско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Сребрени е заведено двапати, еднаш со 125, а вторпат со 200 жители — во обата случаја со 60 домаќинства.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.82-83 и 110-111.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Сребрено:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сребрени имало 560 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250. Сребрено било жртва на особено силна грчка пропаганда. На почетокот на векот целото Сребрено било под врховенството на Цариградската патријаршија и претставувало едно од упориштата на гркоманството во Леринско. Во Сребрено е роден еден од најактивните дејци на грчката вооружена пропаганда Вангел Георгиев, организатор на една од првите андартски чети, составена претежно од негови соселани гркомани, иако самиот првично бил војвода на ВМРО.Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 44-45.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сребрено се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 65 куќи.

По данни на секретаря на екзархията Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сребрено имало 960 Македонци под патријаршијата и во оселото работело грчко училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177. По 1908 г. и прекинот на гркоманските андартски дејности, 25 македонски семејства од Сребрено прешле под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото се појавила и бугарската пропаганда, која отворила училиште. Три години тука предавал деецот Атанас Шишков од Пателе, кој ги поправил црквата и училишната зграда.Марков, Георги Христов. „Хрупищко“, Хасково, 2002, стр. 134. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во годините пред Балканските војни селото се состоело од 170 македонски куќи.

Во Грција ППо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него се попишани 693 жители, кои во 1920 г. се смалиле на 586, веројатно поради војните. Во 1926 г. селото е преименувано во Аспрогиja. На пописот од 1928 г. населението пораснало на 647 лица. Според грчките власти, во 1932 г. во Сребрено имало 139 македонојазични семејства, од кои 79 биле со изјавена сопствена национална свест.Нарекувајќи ја нивната свест „бугарска“ поради грчкото непризнавање на македонскиот идентитет. Во 1940 г. во Сребрено се попишани 813 лица.

За време на Втората светска војна Бугарите регрутирале четири чети во паравоената организација „Охрана“. Селто настрадало при борба помеѓу германската војска и грчка паравоена чета, кога селото било запалено.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) Во 1945 г. властите напишале дека селото имало 909 македонојазични жители, од кои 359 со „негрчка национална свест“, 450 со грчка и 100 со неутврдена свест. Во периодот меѓу двете светски војни имало извесно иселување од Сребрено, и тоа 20 семејства во прекуокеанските земји и неколку во Бугарија.

За време на Граѓанската војна во Р Македонија се иселиле 13 семејства и 60 поединци, а извесен број загинале во борбите. Така, во 1951 г. селото броело 652 жители, кои во 1961 г. биле 662. Бројот на жители почнал да опаѓа во 1960-тите и 1970-тите кога доста жители се иселиле во Канада, САД и Австралија, за во 1981 г. да се сведе на 318 лица.

Селска слава е Преображение Господово на 6 август. На влезот во селото има голема статуа на месниот гркоман Вангел Георгиев, која грчката власт ја поставила во знак на триумф над македонското население.

Население

Стопанство Во селото се произведуваат компири, грав и жито, а делумно е развиено и сточарството.

Личности мини|250п|Димитър Толев и Тасе Сребренски — дејци на ВМОК од Сребрено. мини|250п|Сребренската гркоманска чета. Горе: Емануил Димитриос, Аргирис Колкас, Ефтимиос Каудис (капетан од Крит). Во средина: Димос Евангелу, Василиос Николаидис, Пасхалис Милиопулос, Турчин. Долу: Јанис Гробанопулос, Михалис Типу, Григор Војнов, Христо Панајотов - Малечкио. Аргир Сетов — револуционер од ВМРО Вангел Барков (? – 1949) — комунистички деецElizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009 Вангел Георгиев (1876 – 1904) — виден гркомански андартски капетан Василка Николова Џоварова (1930 - ?) — членка на ЕПОН од 1944 г., борец на ДАГ Георги Икономов — гркомански андарт Григор Војнов (Григориос Вайнас, ? – 1970) — гркомански андартски капетан Димитар Икономов (? – 1901, Δημήτριος Οικονομίδης) — гркомански андартски деец од I класа, свештеник во селото Димитар Николов Киричев (1927 - ?) — учесник во ДАГ (1948 - 1949) Димитар Толев — деец на ВМОК, четник на полковник Анастас Јанков („Македонскиот Гарбалди“) Илија Николов Киричев (1914 – ?) — член на КПГ, борец на ДАГ (1948 – 1949) Пандо Војнов (1924 – 2008) — комунистички деец Стефан Начев — гркомански андарт Тасе Сребренски — деец на ВМОК, четник на полковникот Анастас Јанков Христо Панајотов - Малечкио — гркомански андартски деец Ѓорѓи Кирицов (1925 - 2011) — учесник во ДАГ

Поврзано Сариѓол

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Суровичево