Рахманли (Рамалија или Ромалија, наречено и Раманче; , Елеуса; до 1926 г. Ραχμανλή, РахманлиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ραχμανλή -- Ελεούσα) — поранешно село во Леринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лерин во истоимениот округ на областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото напуштање во 1930-тите било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото било сместено 22 км североисточно од Лерин, 17 км источно од Долно Клештино. Лежело во северниот крај на Леринското Поле на самата државна граница со Р Македонија.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Рахманли било македонско село во Леринската Каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) ја опишал Ромалија како македонско село.Нарекувајќи ја „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Рахманли (Раманче) имало 249 жители Македонци-христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рахманли се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 16 куќи.

На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.125. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Раманли (Ramanli) живееле 128 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 123 жители. Во 1920 г. населението опаднало на 68 лица, веројатно поради војните. Во 1926 г. властите го преименувале во Елеуса. Според последниот попис од 1928 г. Рахманли имало 56 жители, кои постепено почнале да го напуштаат поради тешките услови за живот и се прибрале во соседното село Орта Оба. Иако селото е конечно напуштено во 1930-тите, имотите во него сè уште се користат од неговите поранешни жители.

Поврзано Леринско Поле

Наводи

Категорија:Историски села во Лерин