мини|десно|200п|Стато и Веселина Козарови од Рулја со децата Рулја (, Котас, до 1927 г. Ρούλια, Рулја;Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρούλια - Κατωχώρι до 1932 г. Κατωχώρι, КатохориΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Χωρίον - Κώττας) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 10 жители (2021) и до денес е сочинето исклучиво од Македонци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 38 км југозападно од Лерин и на 30 км северно од Костур, во областа Корешта. Лежи во подножјето на планината Корбец, на надморска височина од 890 м. Рулја е на десниот брег на Рулска Река, лева притока на Бистрица.

Историја Османлиско време Селото првпат се споменува во османлиски тефтер од 1530 г. под името Хровилја со 25 семејства.Harun Yeni,Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 114. Според преданијата, селото изворно било сместено во месноста Горно Село, на самиот пат Лерин - Горица. Како крапатно место, страдало од османлиските војски што минувале по патот и го опустошувале, па затоа населението се преместило околу рушевините на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“. Во 1865 г. во Рулја е изградена истоимената црква „Успение на Пресвета Богородица“ и е отворено народно училиште.Тзавелла, Христофор. Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски, Македония Прес, София, 2003, стр. 100.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Рулја (Rulia), во Костурската Каза, имало 36 доаќинства со 100 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Рулја имала 500 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266. На почетокот од XX век целото население било под врховенството она Цариградската патријаршија. Според грчки извор, во селото имало 70-90 семејства. По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125. Истата година турските власти му забраниле на учителот Л. Поповски од Д’мбени да отвори народно училиште во селотоРайчевски, Стоян. 1904 – 1906 Гоненията на българите в Македония и Одринско. София, 2011, стр. 34 – 36. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Рулја има 600 Македонци под езаргхијата и работи бугарско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181. Според Георги Константинов Бистрицки, Рулја пред Првата балканска војна имала 75 куќи, сите Македонски.Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Руља се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 75 куќи.

За време на Илинденско востание во 1903 г. во Рулја се организирале две чети на ВМОРО: селската со 37 четници, раководена од кметот Ставре и четата на Коте Христов со 169 четници, која се распуштила во 1904 г. поради преминувањето на Коте Христов на страна на грчка вооружена пропагандаТзавелла, Христофор. Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски, Македония Прес, София, 2003, стр. 99

Во првите денови од април 1908 г. власта извршила рација селото, притоа спроведувајќи го претресот со мачење и насилства.Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.

Во Грција Со Букурешкиот договор селото е припоено кон дрчката држава, кога имало 572 жители. Грчкит еединици го нападнале бугарското училиште и му ја одзеле сета училишна документација. Мештаните Л. Делов и Н. Лазаров биле уапсени под обвинание за пробугарско агитирањеГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 175, 183. Во 1927 г. селото е преименувано во Катохорион, а во 1932 г. го добива името Котас, во чест на андартот Коте Христов.

Во 1995 г. во Рулја е отворен музејот „Капетан Коте“ во неговата родната куќа.

Население Населението на Рулја постојано опаѓа, уште од нејзиното потпаѓање под грчка власт. Ова се должи на големото иселување на населението во прекуокеанските земји низ децениите.

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Рулја, каде е единственото населено место.

Стопанство Селото важи за доста сиромашно. Се произведуваат жито, грав, јаболка и компири.

Личности мини|десно|180п|Биста на Коте Христов, цеец на ВМРО кој преминал на грчка страна и станал андартски капетан.

Васил Иванов (1884-?) — деец на ВМОРО, учесник в Илинденското востание, војвода на селската чета по 1904 г., се отселил во ТоронтоНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 62. Васил Попкаранфилов (Βασίλειος Παπακαραφύλλης) — гркомански андартски деец Коте Христов Саров (1863 - 1905) — гркомански андартски капетан, претходно војвода на ВМОРО Сотир Котев Саров (1894 - 1971) — гркомански андартски капетан, син на Коте Христов Христо Попдимитров (Παπα Χρήστος Παπαδημητρίου) — гркомански андартски деец

Наводи

Категорија:Преспа (општина) Категорија:Корешта