Трлис (, Ватитопос; до 1927 г. Τερλίς, Терлис) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено само со Македонци, од кои мнозинството биле христијани, а малцинството муслимани кои во изворите погрешно се водат како „Турци“.
Географија Селото се наоѓа во северното подножје на планината Црна Гора во историско-географската област Мрвачко. Лежи во долината на реката Трлиска Матница. Оддалечено е на 55 км северозападно од Драма и на 16 км западно од Зрново.
Историја Средновековие ляво|мини|250п|Стара чешма на сретселото. Стари куќи во Трлис|мини|десно|250|Стари куќи во Трлис. Трлис е старо рударско село каде железното рударство било развиено уште пред доаѓањето на Турците. Во грамота од 1347 г. на светогорскиот манастир Велика Лавра се спомнува дека манастирот има приходи од топење на железо во во Трилисион, место меѓу Неврокоп и Сер. Трлиската руда била квалитетна, високо ценета и многу барана. Во селото имало неколку печки и два-три самокова, кои работеле сè до втората половина на XIX век. Во средниот век Трлис било мало гратче, седиште на епархија, а подоцна и на мудир. Од писмо на Стефан Душан до велможата Рајко разбираме дека второспоменатиот бил војвода на Броди и Трлис.
Во Отоманското Царство Селото се спомнува во османлиски дефтери од XV век и 1671 г. под името Кастротарлис и Трлис. Според извор од втората половина на XV и почетокот на XVI век во селото Трлис (Горна Трлица) се регистрирани 199 глави на домаќинствата.Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989
За време на Преродбата Трлис било едно од големите, будни и стопански развиени села на Неврокопската Каза со македонско население. Во местноста Панагириштето кај селото секоја година се приредува двонеделниот Трлиски панаѓур познат во регионот.
По 1803 г. во селското училиште предавал јеромонахот Иван Симеонов (Јоанис Симеонидис) од Трлис.
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) забележал дека во Трлис највеќето жители се Македонци.Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
Во 1861 г. трлискиот учител Димитар Стоилов го превел т.н. Трлиско евангелие на македонски со грчки букви.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Терлиш (Terlich) било село со 380 домаќинства на 1.060 Македонци и 190 муслимани.
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Трлис како село со 290 македонски и 90 „турски“ куќи.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало вкупно 2.104 жители, од кои 1.560 Македонци-христијани, 520 Турци (всушност Македонци муслимани) и 24 Власи. Според Јордан Иванов во 1900 г. во селото имало 2.240 Македонци егзархисти и заедно со Старчишта и Зрново е меѓу најголемите македонски села во Неврокопско.
мини|Уништена плоча на влезот на црквата „Св. Никола“. На почетокот на XX век целото население на Трлис било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трлис имало 2.240 Македонци егзархисти, 18 Власи и 12 Роми; работело бугарско основно училиште со 1 учител и 30 ученици.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Трлис е припоен кон Грција. Дел од муслиманското население се иселило во 1912 г., а дел од христијанското за време на Втората балканска војна во 1913 г. Истата година во селото се попишани 1.360 жители. Во првата половина на ноември 1914 г. во околината на селото грчката власт убила тројца Македонци, од кои двајца биле од селото Раховица, а третиот од Горно Броди.Цочо В. Билярски. Македонски Мартиролог. София, 2005, стр. 143. Во 1920 г. населението се намалило на 1.191 жители поради Првата светска војна. Во 1923 г. Македонците муслимани (таканаречени „Турци“) се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На 27 јули 1924 г. грчки војници убиле 17 жители на селото. Овој т.н. Трлиски инцидент довел до меѓународен притисок врз Грција и потпишувањето на спогодбата „Калфов – Политис“.Костадин Тодоров Хаджиянакиев. Гръцкото злодеяние в с. Търлис, Драмско през 1924 г. Во 1927 г. селото е преименувано во Ватитопос. По инцидентот, голем број жители го напуштиле селото и се преселиле во Бугарија. На нивно место се доведени грчки колонисти од Мала Азија. Вкупно 780 лица се преселиле од Трлис во Бугарија по официјален пат. На пописот од 1928 г. Трлис е претставен како мешано село со вкупно 682 жители, од кои 544 лица (154 семејства) биле грчки колонисти, а останатите македонски мештани. Во понатамошниот период бројот на жители се намалил како последица од Втората светска и Граѓанската војна, но и со подоцнежните преселби во поголемите градови.
Населението одгледува тутун, жито и други земјоделски култури, а се занимава и со сточарство.
+ Месности во Трлис преименувани со службен указ на 13 јауари 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Кикла Κίκλα Анонимон ᾿Ανώνυμον месност Ј од Трлис Чадрлика Τσανταρλίκια Каламиес Καλαμιές месност ЈЗ од Трлис Правец Πραβέτσι Плати Πλατύ рид со скратен пат за Долно Броди Ј од Трлис Боаз тепе Μπογὰζ Λόφος Стенома Στένωμα рид СИ од Трлис, северно над клисурата на Трлиска Река Валцока Βαλτσόκα Евфорон Εὔφορον врв (880 м) СИ од Трлис
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Никола“ од 1834 г.
Личности Теодосиј Гологанов — македонски митрополит и национален деец Дине Дробенов — македонски национален деец
Галериja
Население
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Трлис