Буџак ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Βαθύσπηλον — село во Општина Доксат во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 19 километри источно од градот Драма и на 9 километри западно од Доксат.
Селото се наоѓа на надморска височина од 315 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 450 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 670 жители
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Ватиспило.
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 183 грчки семејства со 794 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 794 лица, додека во 1940 година селото броело 817 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 1148 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 600 жители, во 1971 година имало 273 жители, во 1981 година имало 255 жители, додека во 1991 година имало 216 жители. Денеска, населението на селото е 235 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Категорија:Доксат