Бабјани (, Лака; до 1928 г. Μπάμπιανη, БабјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπάμπιανη -- Λάκκα) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 327 жители (2021). Сè до Втората светска војна било населено исклучиво со Македонци, а потоа станало македонско-влашко.
Географија Селото е сместено во Солунското Поле, во јужното подножје на плнината Пајак. Лежи 20 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар) и 8 км северозападно од Ново В’дришта.
Историја Во Отоманското Царство На почетокот на XX век Бабјани е заведено како чисто македонско село во Ениџевардарската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бабјани броело 168 жители, сите Македонци.
Целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бабјани (Babiani) имало 160 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Бабјан било македонско со 30 куќи.
Кукушкият околиски училишен инспектор Никола Хрлев напишал во 1909 г. за селото:
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 27 македонски куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 173 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 185. Во 1924 г. три-четири семејства од Бабјани се иселиле во Бугарија. Во 1928 г. селото е преименувано во Лака, кога имало 269 жители.
Во 1940 г. селото имало 246 лица. Ова се променило во Втората светска војна, кога во 1944 г. во Бабјани се доселени голем број Власи од изгорените соседни села Голема и Мала Ливада и од епирското село Денско.Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 457, 459 Така, Бабјани станало половина македонско, а половина влашко. Во Граѓанската војна целото население е евакуирано во селото Ѓупчево, но жителите се вратиле по војната. По војните населението почнало да зе зголемува.
Население
Стопанство Селото е полупланинско, поради што главно занимање е сточарството. Се одлгедуваат и земјоделски култури како жито, тутун и овошје.
Личности Родени во Бабjaни Христо Бабјански (? – 1905) — ајдутин и револуционер на ВМРО Димитар Бабјански — револуционер на ВМРО, брат на Христо Бабјански и подвојвода на Апостол Петков
Починаtи во Бабjaни Димитар Икономов (Παπα-Δημήτρης Οικονόμου, ? – 1909) — свештеник, гркомански андартски деец, агент од III ред Кољо Гогичев — револуционер од Тушин, деец на ВМРО, убиен кај Бабјани„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 138, ISBN 9549514560
Поврзано Пајак (планина) Солунско Поле
Наводи
Категорија:Постол