Долно Власи (, Ексовалта; до 1926 г. Έξω Βλάχ, Ексо ВлахΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Έξω Βλάχ - Εξώβαλτα) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во источниот дел на Солунското Поле, 4 км северозападно од Пласничево и 20 км југозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар), меѓу селата Врежот и Кадиново.
Историја Во Отоманското Царство Во крајот на XIX век Долно Власи било село во Ениџевардарска Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горно и Долно Власи живееле вкупно 330 Македонци и 40 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 146.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Власи било мегленско со 30 куќи.
На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:
При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. еден човек од Власи учестувал Македонско-одринските доброволни чети.Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 387 и 835.
Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. Долно Власи е припоено кон Грција. Во 1926 г. властите го преименувале во Ексовалта. Во 1920 селото имало само 5 жители, од кои 4 мажи, а во 1928 г. повторно имало 5 жители, од кои 4 грчки дојденци. Селото било напуштено и неговиот атар е припоен кон атарот на Врежот.
Поврзано Горно Власи
Наводи
Категорија:Историски села во Постол