Долно Крушари или Долно Крушаре (, Егзо Ахладохори; до 1926 г. Έξω Κρουσάρ, Егзо Крусар или Κάτω Κρούσαρι, Като КрусариΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Έξω Κρουσάρ – Έξω Αχλαδοχώρι) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Селото престанало да постои нешто по 1928 г.
Географија Селото се наоѓало во Солунското Поле, југозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар). Лежело меѓу селата Долно Власи, Липариново и Прањани.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Долно Крушари било македонско село во Ениџевардарска Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Долно Крушари броело 420 жители, сите Македонци христијани. Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Κροσάρι) има 352 жители под Бугарската егзархија.
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 5 куќи на Роми муслимани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 38 жители (20 мажи и 18 жени), а во 1920 г. опаднало на само 5 жители, од кои 4 мажи и 1 жена, што значи дека селото веќе се распаднало, а во него останале само наемни работници на велепоседничк имот.. Во 1924 г. Ромите како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Селото било сосема напуштено. Во 1926 г. името на селото е преведено на грчки како Егзо Ахладохорион, т.е. „Надворешно Крушево“. Во меѓувреме тука се доселени неколку влашки семејства кои во 1928 г. броеле 55 лица.
По неколку години селото конечно се распаднало, а дојдените жители веројатно се преселиле во Горно Власи.
Поврзано Горно Крушари Солунско Поле
Наводи
Категорија:Историски села во Постол