Рамел или Рамил (, Рахона; до 1926 г. Ράμελ, РамелΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ράμελ -- Ραχώνα) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 461 жител (2021). До 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото е сместено во северозападниот крај на Солунското или Ениџевардарското Поле. Лежи 11 км источно од Пазар (Ениџе Вардар).

Историја Праисторија Североисточно од Рамел, во месностите Тумба и Трпеза е откриена населба од бронзено и железно време, наречена Рамелска праисториска населба, прогласена за заштитен археолошки споменик.

Во Отоманското Царство Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Храмел како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.

Во последните десетлетија на XIX век се направени обиди за воведување на бугарската пропаганда во селото, но истите биле осуетени од дејците на грчката пропаганда, кои тогаш биле помоќни. Во мај 1880 г. главешината на Рамел е уапсен од кајмакамот, бидејќи одел по селата да собира потписи за молби до бугарскиот егзарх Јосиф I. Како последица од тоа се уапсени главешините и старешините на неколку пазарски села, и од нив е побарано рачателство дека се доверливи, кое би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги придобие селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково и да ги стави под грчката црква — Цариградска патријаршија.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877 – 1878. Том първи, книга първа, стр. 354.

Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Рамел (Ράμελι, Рамели) било село со 25 христијански семејства.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Рамел имал 200 жители Македонци христијани. Во 1906 г. прогрчкото маало во селото е изгорено како одговор на андартскиот напад на Куфалово. Прогрчките семејства се преселиле во Постол и Паар, а дел од нив се вратиле во селото по Младотурската револуцијаБабев, Иван. Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр.159.

По илинденскиот период, целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија и бугарската пропаганда нашла поповолни услови за работа. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Рамел (Ramel) имало 144 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 102 – 103.

По податоци егзархијата, во 1910 г. Рамел било чифлигарско со 92 семејства од 175 жители Македонци и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61 – 69.

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото (Ремељ) се состоело од 28 македонски куќи, што делува премалку.

Во Грција Во 1912 г. Рамел е заведен како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 233 жители, од кои 125 мажи и 108 жени. Во 1920 г. тие се зголемиле на 265 лица. Во 1924 г. сите жители (официјално 63 лица) се иселени во Бугарија, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Понд и Источна Тракија. Во 1926 г. името на селото е сменето во Рахона. На пописот од 1928 г. Рамел е претставен како чисто дојденско село со 454 грчки жители (122 семејства) иако прашање е дали навистина не останале Македонци со оглед на тоа што властите иселиле само 63 лица.

Во 1940 г. селото се зголемило на 625 жители и продолжило со умерен демографски развој и во следните десетлетија.

Население

Стопанство Селото произведува претежно жито, тутун, памук и овошје. Делумно е застапено и сточарството.

Личности Григор Дамбулов (Дамбулта, 1862 - 1942) — курир и селски војвода на ВМРО Кочо Рамилски — курир и капетан на грчка вооружена четаБабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр.253

Поврзано Рамелска праисториска населба Солунско Поле

Наводи

Категорија:Постол