Бугариево (, Неја Месимврија; до 1926 г. Μπουγαρίοβο/ν, Μπουλγκαρίεβο, Бугариово/н, Булгариево;Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπουγιάροβο -- Καραβία до 1953 г. Καραβίας, КаравијасΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραβία -- Νέα Μεσημβρία) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.050 жители (2011). Сè до Балканските војни, ова било чисто македонско село.

Географија Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле на 20 км северозападно од Солун, 34 км јужно од Кукуш и 5 км северно од Каваклиево.

Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Булгариево (Bulgarievo) е посочено како село со 43 домаќинства од 178 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 154-155.

Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Бугариово живееле 590 Македонци христијани. Сите жители потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. имало 720 жители, сите Македонци под егзархијата. Во селото работело бугарско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.218-219. чија учителка била Олга Михајлова од Солун.Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, София, 2005, стр. 333

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 731 жител. За време на Првата светска војна Мештаните биле подложени на репресии од страна на грчките власти, поради што голем дел од нив биле приморани да се преселат во Бугарија, првично во Западна Тракија.Буга̀ри гъркома̀ни. Разказано по говора на Ениджевардарско, село Ба̀ровица, от Димитър Христов, записал Л. М., Македонски преглед, г.I, кн. 3, 1925, с. 104. Во 1915 г. во селото се населени 80-90 грчки семејства на Тракија, а во 1920 г. доведени се и Грци од Понд и Кавказ.

Летото 1925 г. со италијанскиот брод „Габриела“ дошле 340 семејства од Несебар, од кои во март 1926 г. 288 семејства се населиле во Бугариево, односно во тогаш новата населба Неја Месимвирија (Нов Несебар).Macedonian Press Agency: News in Greek, 96-11-13 Истата 1926 г. селото е преименувано во Каравија, во чест на андартскиот капетан Јоанис Каравитис. Во 1928 г. Бугариево е заведено како мешано македонско-грчко село со 527 жители, кои во 1940 г. се намалиле на 399 лица. Напоредно на самото Бугариево (тогаш Каравија), новата населба Неја Месимврија, со која се споило по Втората светска војна, истата 1928 г. имало 935 жители, кои во 1940 г. нараснале на 1.049. Броејќи ги заедно 1928 г. местото имало вкупно 1.293 дојденци од 356 семејства.

Со крајот на Грчката граѓанска војна, старото Бугариево (Каравија) веќе било отпишано бидејќи се споило со новата населба, која во 1951 г. броела 1.154 жители. Од 1953 г. сета целина официјално го добила името Неја Месивирија иако на македонски е задржано традиционалното име. Во 1961 г. населението изнесувало 1.611 жители, а во 1971 г. имало 1.602 лица. Во текот на следните десетлетија селото бележи раст, така што во 1981 се заведени 1.787, а во 1991 г. — 2.320 жители. На пописот од 2001 г. се заведени 2.343 лица, кои во 2011 г. се зголемиле на 3.050.

Знаменитости Црква „Св. Атанас“

Главн знаменитост на Бугариево е дрквата „Св. Атанас“ изградена на местото на стар манастир основан од калуѓерката Пелагија в XVII век кој горел на три наврати. Во сегашниот облик црквата е изградена во 1858 г. како трикорабна поствизантиска базилика. Македонското население на 2 мај во црквата ја одбележувало селската слава. Живописана е од познатиот мајстор Константин Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Прогласена е за заштитен споменик на културата.

Население

Податокот за 1940 г. одделно ги брои старото и новото село.

Стопанство Во селото се произведува памук, жито и бостан, а познато е и по виното и ципурата.

Личности мини|200п|Попот Стамат Тончев. Родени в Бугариево Александар Димитров - Сашо (1909–1944) — комунистички политичар во Бугарија Атанас Ч. Иванов (1886–?) — борец во Балканските војни</ref> Божин Тончев (1879–?) — учител и револуционер, борец во Балканските војни Борис Стојков Атанасов – Мирчо (1909–1944) — партизан во БугаријаСписък на убити партизани Васил Георгиев (1888–?) — одликуван борец во Балканските војни„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 149. Ѓорѓи Христов Чуперков (1882–?) — борец во Балканските војни, а потоа наставник во Видинско, Бугарија„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 801. а потоа учител во Димитар Поп Стаматов (1880–1904) — просветен и револуционерен деец, војвода на МРО, син на Стамат Тончев Димитар Трајков Пишмишев – Бако, наречен и Пижо (1907-?) — комунистички деец во Бугарија Илија Бугариски — деец на МРО Михаил Поп Стаматов — офицер и револуционер, деец на МРО во Солунско, син на попот Стамат Тончев Петра Поп Стаматова — просветен и револуционерен деец, член на МРО, ќерка на попот Стамат Танчев Петар Димитров (1888–?) — борец во Балканските војни „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 225. Солунка Илчева (1911–1984) — комунистички деец во Бугарија Стамат Тончев (1857–1904) — свештеник, борец за духовна самобитност, деец на МРО

Поврзано Вардарија

Наводи

Надворешни врски

Страница за Бугариево на порталот на Општина Илиџиево