Гедикли или Гидикли (познато и како Едикли или Једикли; , Като Перистера; до 1928 г. Γεδικλή) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Седес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во северозападниот дел на Халкидичкиот Полуостров, во подножјето на Хортач, југозападно од Перистера и околу 2 км источно од Турханли, на надморска височина од 130 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Гедикли било турско село во Солунската Каза на Солунскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Гедикли имало 80 жители, сите Турци.
Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.
Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 48 жители турско население, а бидејќи настрадало за време на Првата светска војна. во 1920 г. не се спомнува како населба.
Со потпишувањето на Лозанскиот договор во 1922 г. во селото се населиле доселенички семејства од Перистаси (Шарќој) во Источна Тракија и Сејдиќој (Газиемир), Мала Азија, чиј број на жители во 1928 г. изнесувал 31.
Во 1928 г. селото е преименувано во Като Перистера (Κάτω Περιστερά), односно Долна Перистера. Поради немањето услови за живеење, колонистите подоцна го напуштиле селото, кое во пописот од 1940 г. било регистрирано како напуштена населба.
Личности Родени во Гедикли
Мито Георгиев (1892 – ?) — македонско-одрински доброволец, втора чета на XIV воденска дружина
Наводи
Категорија:Историски села во Седес