Даутово, Даутче или Дауча (, Елеуса, до 1926 г. Δαούτσα, Даутца, Δαούτση, Даутци — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. До 1920-тите било населено со Турци.
Географија Селото се наоѓа во Солунското Поле, на 33 км северозападно од Солун.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Даутово било село во Солунската Каза кое подоцна е претворено во чифлик. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Даутово (Даутче) броело 250 жители Македонци христијани. Според општинскиот портал на Илиџиево, селото било турско.
Според грчки податоци во 1905 г. селото било муслиманско.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, селото Даучево било турско со 15 куќи.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Дауџа се состоело од 25 турски куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 260 жители, а во 1920 г. тоа се намалило на 222 лица. Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки доселеници од малградското село Девеџиќој во Источна Тракија. Во 1926 г. селото е преименувано во Елеуса во чест на Богородица. Во 1928 г. Даутово е претставено како чисто дојденско село со 53 семејства сочинети од 178 лица. Во 1926 г. Вардар го поплавил селото со разорни последици, и до 1935 г. се преземале низа мерки за заштита од поплави. Во 1930 г. во Даутово се населиле жителите дојдени во напуштеното турско село Ментешли, и така Даутово почнало да расте. Во 1950-тите е изградено големо вештачко езеро и мрежа од наводнувачки канали кои ја носеле водата на Вардар од Солунското Поле.
Селаните се занимаваат претежно со одгледување на пченка и памук, како и со сточарство.
Население
Наводи
Категорија:Илиџиево