Чаликово (се среќаваат и Чал’ково и Чалково; , Цаликово) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија. Населението се состоело исклучиво од Македонци.
Географија Селото се наоѓало во областа Вардарија, на 3 км југоисточно од градот Кулакија, на територијата на Националниот парк Делта на Вардар.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Чаликово било мал чифлик. Тодор Симовски ги дава алтернативните имиња Чали Чифлик и Чалкатик. Во 1880 г. се наоѓало меѓу двата ракава на Вардар (Голем и Мал Вардар).
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека Чаликово е село с 26 домаќинства и 115 жители Македонци. Според Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) в 1900 година в Чалъково живеят 200 Македонци християни. Цялото село е под върховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) в 1905 година во Чаликово (Tsalikovo) имало 128 жители Македонци под патријаршијата и работело грчко училиште.
Во 1905 г. според грчки податоци Чаликово имало 68 жители, „славофони патријаршисти“.
Селото страдало од поплавувањето на Вардар. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Чалаково било растурено во поплава од 1897 г. кога имало 30 куќи. Во 1906 г. селото повторно било целосно уништено во голема поплава на Вардар. Во јуни истата година Димитриос Сарос, кој наминал во регионот, вели дека селото е збришано од речните води, и останале само црквата и малото училиште.
Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Селото не е обновено, но отпишано е дури во 1927 г.
Единствена преостаната градба од селото е црквата „Св. Димитриј“ — трикорабна базилика од 1858 г. Во 1983 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.
Наводи
Категорија:Историски села во Делта