Ајдарли или Хајдарли (, Ваптистис, до 1927 Χαϊδαρλή, Хајдарли)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Βαπτιστής — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 5 километри западно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 120 метри.

Ајдарли опфаќа површина од 17 квадратни километри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ајдарли се состоело од 55 семејства и 146 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ајдарли имало 80 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 МакедонциBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било напуштено, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 7 жители. Во селото во 1922 година било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Ваптистис.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 443 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 656 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 737 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 756 жители, во 1971 година имало 598 жители, во 1981 година имало 544 жители, додека во 1991 година имало 535 жители. Денеска, населението на селото е 449 жители според пописот од 2001 година.

Личности

Родени во Ајдарли Стојан Димитров (? - 7 ноември 1912)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 227. Христо Наков (1890 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 480.

Наводи

Категорија:Кукуш