Алексово или Нехире Мутне ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 12 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 277 метри.
Историја
Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од 1616-1617 година селото е наведено под името Алексова со 33 домаќинства. Според документ од 1625 година Алексово има 25 семејстваТурски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228, 300..
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алексово се состоело од 45 семејства и 158 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 420 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 496 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани само 3 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Алексија.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 218 жители-бегалци..
Личности Родени во Алексово Атанасие Иванов (1883 - 1973) Димитар Димашев (1889 - 1928)= Вано Георгиев Делијанов (1886 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 203. Гоце Илиев (1884 - 1913)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 310. Гоце Киров (1889 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 364. Може би идентичен с Гоце Киров Наков. Гоце Киров Наков (1888 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 478. Дељо Пецов (1862 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 569. Иљо Христов (1890 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 769. Мито Бинин (1890 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 85. Мито Гоцев (1890 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 182. Мито Стојанов (1889 - 1913)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 674. Христо Андонов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 40. Христо Иљов (1890 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 319. Христо Ириклицки (1886 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 320.
Наводи
Категорија:Алексово