Валгаци или Валгат (, Камбохори, катаревуса: Καμποχώριον, Камбохорион, до 1926 година Βαλκάση, Валкаси или Βαλκάτς, Валкац) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 106 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа на 5 км јужно од градот Бојмица.
Историја Во Отоманското Царство Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Валгат (Валгаци) било село в Ениџевардарската Каза со 140 жители Македонци.
Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Валгаци (Valgatzi) имало 160 Македонци егзархисти и работело бугарско училиште.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Влѓаци било македонско со 15 куќи.
Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
По податоци на Егзархијата во 1910 г. В’лгаци (Вългаци) било чифлигарско село со 21 семејство сочинети од 135 жители Македонци и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Валгаци пред Балканските војни имало 35 куќи на Македонци христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Валгаци било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година имало 142 жители кои во 1920 г. се накачиле на 165 лица. Во 1925 г. речиси. сите жители (официјално 147) биле принудени да се иселат во Бугарија. На нивно место се населени дојденци од селото Киздервент во Мала Азија чие население се Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.Шишманов, Димитър. „Необикновената история на Малоазийските българи“, II издание, „Пони“, София, 2001, стр. 49-50. Покрај нив имало и сосем мал број лица дојдени од Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Камбохори. Во 1928 г. селото имало 336 жители од кои 221 лица (65 семејства) биле дојденци, а останатите македонски староседелци. Во 1940 г. Валгаци имало 310 жители, од кои, според НОФ, само 30 староседелски Македонци.
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од околу 1850 г., прогласена за споменик на културата
Личности Андон Георгиев — борец во МОО, четата на Лазар Делев, Зборна партизанска чета на МОО Мице Џамбазов — ръководител на месниот комитет на ВМОРО, затворен во Берскиот затвор по Првата балканска војна
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пајонија (општина)