Ајдахо е сојузна држава во САД. Најголемиот град на државата, а воедно и главниот, е Бојси. Ајдахо е примена во сојузот на 3 јули 1890 г, како 43-та држава.

Ајдахо е претежно планинска држава. Таа е затворена од сите страни, односно опколена со државите Вашингтон, Орегон, Невада, Јута, Вајоминг, Монтана и Канадска провинција од Британска Колумбија. Како и да е, мрежата од брани на реките Колумбија и Снејк го прават градот Левистон најдалечно пристаниште, кое не се наоѓа на море или океан, во западниот брег на Соединетите Држави.

Според „Бирото за Попис на САД“, во 2009 популацијата на Ајдахо била проценета на 1,545,801. Поштенската кратенка на државата е „ID“. Прекарот на Ајдахо е „Држава-дијамант“ бидејќи отприлика секој познат дијамант е најден тука.Just, Rick. "Star Garnet." Idaho Snapshots. Meridian, Idaho: Radio Idaho, 1990. 9. Оваа држава е едно од вкупно двете места во светот каде што може да се пронајде минералот гранат (другото место се Хималаите во Индија). Мотото на државата е Esto Perpetua (латински за „Нека биде засекогаш“)

Ајдахо е четиринаесеттата најголема држава во САД според површина.

Потекло на името Точното потекло на името останува мистерија. Во раните 1860-ти, кога конгресот на соединетите држави ја разгледувал можноста за организирање на нова територија во планините Роки, ексцентричниот лобист Џорџ М. Вилинг го предложил името „Ајдахо“, за кое тој твдел дека доаѓа од јазикот Шошони и значи „сонцето доаѓа од планините“ или „дијамантот на планините“. Вилинг подоцна тврдел дека името го измислил тој. На крајот конгресот одлучил да ја именува областа како Територија Колорадо, кога била создадена во февруари 1861. Мислејќи дека ќе го добијат името кое го посакувале, месните жители именувале заедница во Колорадо како „Ајдахо Спрингс“.

290п|лево|мини|Езерото Кер Делин во северно Ајдахо

Истата година кога конгресот ја создаваше Територија Колорадо, во источниот дел на Територија Вашингтон беше создадена област наречена „Округот Ајдахо“. Земјата била именувана според брод на пареа наречен ‘’Ајдахо’’ кој бил шуштен во реката Колумбија во 1860. Сè уште е нејасно дали бродот бил така наречен пред или по откривањето на тврдењето на Вилинг. Без разлика, дел од Територијата Вашингтон, вклучувајќи го и „Округот Ајдахо“, беа искористени за да се создаде Територијата Ајдахо во 1863.

И покрај недостатокот на докази за потеклото на името, многу писатели во 20 век го повторуваат како факт твдењето на Вилинг за името Ајдахо кое потекнува од Шошонскиот израз „ee-da-how“.

Географија

Границите на Ајдахо се составени од шест сојузни држави и една канадска провинција. Државите Вашингтон и Орегон се наоѓаат на запад, Невада и Јута се на југ и Монтана и Вајоминг се на исток. Пејзажот е солиден вклучувајќи некои од најголемите недопрени природни области во САД. На пример, 9,300 км² заштитената област „Frank Church-River of No Return Wilderness Area“ е најголема од заштитените диви области во САД. Може да се каже дека Ајдахо е држава на планината Роки со напуштени природни ресурси. Државата има планински масиви кои се покриени со снег, огромни езера и стрмни кањони. Водата од реката Снејк тече низ кањонот Хилс кој е најдлабокиот во САД.

260п|десно|мини|Дигитално обоена географска карта на Ајдахо

Шошонските водопади паѓаат надолу низ нерамни карпи од височина која е поголема и од онаа на Нијагарините водопади. Поголемите реки во Ајдахо се реките Снејк, Кларк Форк, Пенд Орил, Клиарвотер и реката Салмон. Други значајни реки се Кер Далин, Спокен, Бојси и реката Пеиет. Реката Салмон се празни во реката Снејк во Хилс кањонот и тука ја формира јужната граница на областа Нез Пирс, каде што Левистон е седиштето на градот. Највисоката точка во Ајдахо е врвот Бора (3,859 метри) во Лост Ривер Ренџ, северно од Макаи. Најниската точка во Ајдахо (216 метри) се наоѓа во Левинстон каде што реката Клиарвотер се влева во реката Снејк и продолжува во Вашингтон. Соутут масивот често се смета како најпознат планински масив во Ајдахо. Меѓу другите планински масиви во оваа држава се вклучени Битеррут, Вајт Клауд планините, Лост Ривер, Клиарвотер и планините до Салмон реката.

Јужно Ајдахо, вклучувајќи ја и метрополитенската област Бојси, Ајдахо Фолс, Покатело и Твин Фолс се во планинската часовен појас (законодавниот необичен случај (15 U.S.C. ch.6 §264) теоретички го смести овој регион во централната часовен појас, но оваа грешка беше поправена со амандман од 2007.) Регионите северно од реката Салмон, меѓу кои Кер Далин, Москоу, Левистон и Сендпоинт се наоѓаат во тихоокеанската часовен појас.

Клима Ајдахо има многу варијации во неговите климатски услови. Иако западната граница на државата се наоѓа на 560км раздалеченост од тихиот океан, сепак, поморското влијание може да се почувствува, особено во зима кога покривката од облаци, влажноста и врнежите го достигнуваат својот највисок интензитет. Ова влијание, сепак, нема голем ефект како што би се очекувало за северна држава со голема надморска височина. Поморското влијание е најмало во југоисточниот дел од државата каде што врнежите се поретки, со влажни лета, суви зими и поекстремни разлики во сезонските температури, покажувајќи поконтинентална клима.

Климата во Ајдахо може да биде топла, иако подолги периоди за температура околу 38 C° се ретки со исклучок на најниската надморска височина, Левистон, каде може да се види понекогаш и малку снег. Жешките летни денови се ублажени со ниска релативна влажност и поладни попладневни часови во текот на летните месеци како и во повеќето држави каде што највисоките разлики во температурата можат да се приметат во лето. Зимата може да биде ладна иако подолги периоди на ладно време под нулата се ретки. Ова е тоа што придонесе железничкиот тајкун, фамилијата Херимен, да развие еден од најпознатите ски центри, „Sun Valley“ (долина на сонцето). 200п|десно|мини|Reynolds Creek Experimental Watershed во планините Овахи, околу 80км југозападно од Бојси, Ајдахо 200п|десно|мини|Езерото Редфиш во централно Ајдахо Нормални високи и ниски месечни температури за различни градови во Ајдахо. (F) Град јан веф мар апр мај јун јул авг сеп окт ное дек Бојси 37/24 44/29 54/34 62/39 71/47 80/54 89/60 88/60 77/51 64/41 48/32 37/24 Левистон 39/28 46/31 54/36 62/41 70/47 78/54 88/59 88/59 77/51 62/41 47/34 39/28 Покатело 32/16 39/21 48/27 58/33 68/39 78/46 88/51 87/50 76/42 62/33 44/25 34/17

Езера Алтурас Биар Хаиден Езерото на Хенри Хиден Езеро Каскади Езеро Кер Далин Ловел Волкот Пеити (Мек Кал) Пен Ореил Литл Редфиш Петит Прист Редфиш Соутут Стенли Варм Вилијамс

Историја

230п|лево|мини|Мапа на Ајдахо Луѓето може да се присутни во областа на Ајдахо 14.500 години. Ископувањата во пештерата Вилсон Бјути, во близина на Твин Фолс, во 1959 откриле докази за човечка активност, вклучувајќи ги стрелките кои се рангираат меѓу најстарите артефакти во Северна Америка. Индијанските племиња биле доминантни во овие предели, вклучувајќи ги Нез Пирс на северот и Северните и Западните Шошони на југот.

Ајдахо, како дел од земјата Орегон, бил поседуван и од САД и од Велика Британија сè додека САД не доби неспорна надлежност во 1864. Од 1843 до 1849 Ајдахо бил, де факто, под надлежност на привремената влада на Орегон. Кога Орегон стана држава, она што е сега Ајдахо е тоа што остана од оригиналната Територија Орегон која не била дел од државата и била определена како Територија Вашингтон.

Помеѓу тоа време и времето кога е создадена Територијата Ајдахо, на 4 јули 1863 во Левистон, делови од оние денеска кои се под Ајдахо биле под териториите на Орегон, Вашингтон и Дакота. Во новата територија биле вклучени Монтана, поголемиот дел од Вајоминг и она што е денес Ајдахо. Во експедицијата на Левис и Кларк, тие го поминале Ајдахо во 1805 на патот кон Тихиот Океан и во 1806 при враќањето, поголемиот дел го поминале следејќи ја реката Клиарвотер во двете насоки. Првата автохтона населба била „Kullyspell House“, основана на брегот на езерото Пенд Орил за трговија со крзно од страна на Дејвид Томпсон, од компанијата „North West Company“. Во 1812, Доналд Мекензи, кој во тоа време работел за компанијата за крзно „Pacific Fur Company“, основал пошта во долниот тек на реката Клиарвотер, во близина на денешен Левистон. Поштата, позната како „MacKenzie’s Post“ или „Clearwater“, функционирала сè додека „Pacific Fur Company“ не била купена од „North West Company“ во 1813, по што била напуштена. Првите обиди да се организираат заедници, во склоп на денешните граници на Ајдахо, биле реализирани во 1860. Првата постојана, суштински вградена заедница, била Левистон во 1861.

После неколку судења како територија, вклучувајќи го илегалниот и хаотичниот трансфер на територијалниот капитал од Левистон во декември 1864, во Бојси во јануари 1865 г, обеззаконувањето на мормонската полигамија поттпомогнато од врховниот суд на САД во 1877 и федералниот обид да се подели територијата помеѓу Територија Вашингтон, која се здоби со државност во 1889 - една година пред Ајдахо, и државата Невада, која била признаена како држава од 1863, територијата Ајдахо конечно ја добила својата државност во 1890. Економијата на државата, која примарно беше поддржана од металните руди, се свртела кон земјоделството, шумарски производи и туризам.

Во последните неколку години, Ајдахо ја прошири својата комерцијална база како туристичка и земјоделска држава за да ја вклучи науката и индустријата на нови технологии. Науката и технологијата станаа најголем економски центар (над 25% од вкупните приходи на државата) во рамките на државата што е поголемо од земјоделството, шумарството и рударството во заедничка комбинација.

Демографија

200п|десно|мини|Густина на население во Ајдахо Во 2005 dr\avata Ајдахо имала проценета популација од 1,429,096, што е пораст од 33,956 или 2.4% во однос на претходната година или, пак, пораст од 135,140, одсносно 10.4%, во одснос на 2000. Ова го вклулчува и природниот пораст, од последниот попис, од 58,884 луѓе (тоа е 111,131 раѓања минус 52,247 умирања) и порастот од миграциите од 75,795 луѓе во државата. Има голем број на Американци со Англиско и Германско потекло во Ајдахо. Mиграциите надвор од САД резултирале со пораст од 14,522 жители и миграциите во склоп на земјата придонеле за пораст од 61,273 жители. Ова ја направи Ајдахо шеста најбрзо растечка држава после Аризона, Невада, Флорида, Џорџија и Јута.

Нампа, вториот град по големина во државата, во последните години искуси силен пораст. Според проценките на пописот, Нампа има пораст од 22.1% до приближно 65,000 жители помеѓу 2000 и 2003. Во 2007 популацијата во Нампа се покачила на 84,000. Пораст од 5% или повеќе, во истиот период, бил забележан и во Колдвел, Кер Далин, Меридиан, Пост Фолс и Твин Фолс.

Од 1990, популацијата на Ајдахо пораснала за 386,000 (38%)

Метрополитенската област Бојси е најголемата област од ваков вид во Ајдахо. Други метрополитенски области според големина се Кер Далин, Ајдахо Фолс, Покатело и Левистон.

Најголемиот број на луѓе во Ајдахо со странско потекло се: Германци (18,9%), Англичани (18,1%), Ирци (10%), Американци (8,4%), Норвежани (3,6%) и Швеѓани (3,5%).

Религија 300п|десно|мини|Црква во Ајдахо Сити Според извештај направен од „Pew Forum on Religion & Public Life“ самоидентификуваната религиозна припадност на жителите на Ајдахо над 18 години во 2008 е:

Верска исповед % Мормони 23 Евангелисти 22 Католици 18 Неопределени 18 Протестанти 16 Други вери 2 Јеховини сведоци 1 Православни <0.5 Други Христијани <0.5 Евреи <0.5 Муслимани <0.5 Будисти <0.5 Хиндуисти <0.5 Останатиот свет <0.5 Не знаат/одбиле <0.5

Стопанство 210п|лево|мини|Брана во Амрикан Фолс