Оваа статија е за сојузната држава на САД Луизијана. За територијата Луизијана наречена во чест на Луј XIV кликнете тука.

Луизијана (англиски: Louisiana) е сојузна држава од САД која се наоѓа во јужниот дел од земјата. Има излез на Мексиканскиот Залив. Главен град е Батон Руж, а најголем е Њу Орлеанс.

Луизијана е држава која се наоѓа во јужниот дел на Соединетите Американски Држави. Таа е триесет и прва по големина и дваесет и петта по население од педесетте Соединети Држави. Главен град е Батон Руж, а најголем Њу Орлеанс. Луизијана е единствената држава во САД со политички единици наречени парохии, кои претставуваат локални управи што се поистоветуваат со окрузите. Најголема парохија по население е Парохијата Источен Батон Руж, а најголема по територија Парохијата Камерон.

Поголемиот дел од земјата се создал од талог измиен со течението на реката Мисисипи, оставајќи огромни делти и големи површини крајбрежни бари и мочуришта коишто содржат богата јужна флора и фауна. Типичен пример на птици се ибисот и белата чапја. Исто така, постојат многу видови жаби кои го поминуваат поголемиот дел од нивниот живот во дрва и риби како есетрата. Во повисоките предели има честа појава на оган во природата којашто создава пространи предели со високо стеблеста борова шума и влажни савани. Во нив опстојуваат исклучително голем број видови растенија, вклучувајќи многу видови орхидеи и месојадни растенија.

Некои урбани средини во Луизијана, коишто се сметаат за исклучителни во Соединетите држави, поседуваат мултикултурно и повеќејазично наследство, коешто било под силно влијание на примес од француска, шпанска, индијанска и африканска култура од 18-иот век. Пред американскиот прилив и државност во почетокот на 19-тиот век, територијата на денешна Луизијана била шпанска и француска колонија. Покрај тоа, моделот на развој вклучувал увоз на голем број африкански робови во 18 век, многу од нив од истиот предел на Западна Африка.

Топоними Луизијана е именувана по Луј 14-ти, крал на Франција од 1643 до 1715 година. Кога Рене-Роберт Кавалиер ја освоил територијата крај реката Мисисипи во полза на Франција, ја нарекол Ла Луизијана, што значи “Земјата на Луj”. Како дел од Француската колонијална империја, територијата Луизијана се протегала од денешниот Мобил Беј сè до север до денешната граница со Канада вклучувала и мал дел од денешна југозападна Канада.

Геологија Дури и Мексиканскиот Залив не постоел пред 250 милиони години, кога постоел само еден суперконтинент наречен Пангеја. Како што Пангеја се поделил, се појавиле Атлантскиот Океан и Мексиканскиот Залив. Луизијана тогаш полека се создавала, со милиони години, од вода во копно и од север кон југ. Најстарите карпи се наоѓаат на север, во области како Националната шума Кисачи. Најстарите карпи датираат од раниот Терцијарен период, пред околу 60 милиони години. Најдобрата историја за формирањето на овие карпи може да се најде во Сперинговата ,,Геолошка историја на Луизијана”

Најмладите делови на државата биле формирани во последните 7500 години, како делти на реката Мисисипи: Мирингуин, Теш, Св. Бернард, Лафурш, денешна Мисисипи, а сега Аткафалаја. Седименти ги носела реката Мисисипи од север кон југ.

Помеѓу Терцијарните карпи од север, и релативно новите седименти покрај брегот, се простира огромен појас наречен Тераси Плистосен. Нивната старост и распределба може да се поврзе со зголемувањето и намалувањето на морското ниво за време на леденото доба. Главно, северните тераси имале доволно време да направат длабоки канали за реките, додека пак поновите тераси се стремат да бидат порамни.

Куполи од сол се исто така пронајдени во Луизијана. Тие водат потекло од раниот Мексикански Залив, кога нивото на испарување на површинскиот слој од океанот било високо. Постојат неколку стотици куполи од сол во државата, една од најпознатите е Островот Авери. Куполите од сол се важни не само како извор на сол, туку служат и како подземни јамки за нафта и гас.

Топографија Луизјана се граничи на запад со Тексас, на север со Арканзас, на исток со државата Мисисипи и на југ со Мексиканскиот Залив.

Површината на државата може соодветно да се подели на два дела, висорамнините на север и алувијалното земјиште по должината на брегот. Алувијалниот предел вклучува мочуришно ниско земјиште, крајбрежни мочуришта и плажи, и корални острови кои покриваат територија од околу 20 000 квадратни милји (52000 км2). Оваа област се протега главно долж Мексиканскиот Залив и реката Мисисипи, која минува низ државата од север кон југ со должина од 600 милји (1000 км) и се влева во Мексиканскиот Залив, Црвената Река, Реката Ошита и нејзините притоки и во други помали потоци (некои од нив се речни мочуришта). Ширината на алувијалниот предел долж Мисисипи е од 10 до 60 милји (15 до 100км), а долж другите реки алувијалниот предел е просечно околу 10 милји (15км) широк. Реката Мисисипи тече низ делта која се формирала од своите талози (позната како заштитен бедем на река), од која земјиштето се спушта кон реката со просечен пад од 3м/км. Алувијалното земјиште долж други текови има слични одлики.

Повисоките и гранични ридски земјишта од северниот и североисточниот дел на државата опфаќаат област од повеќе од 25 000 квадратни милји (65000 км2). Тие се состојат од прерии и шуми. Надморската височина варира од 10 стапки (3 м) над морското ниво кај плажите и мочуриштата, до 50 и 60 стапки (15-18 м) над морското ниво кај прериите и алувијалното земјиште. Кај висорамнините и ридовите, издигнувањата се искачуваат до планината Дрискил, највисоката точка во државата, на само 535 стапки (163 м) над нивото на морето.

Државата исто така има државно-судска надлежност над околу 3 милји (4.8 км)-широкиот дел од подморското земјиште од внатрешниот континентален праг во Мексиканскиот Залив. Заради карактеристичната политичка географија на Соединетите Држави, ова е значително помалку од судската надлежност од 9 милји (14км) на соседните држави Тексас и Флорида, кои, како Луизијана, поседуваат пространи брегови од Заливот.

Јужниот брег на Луизијана во Соединетите Држави се наоѓа меѓу областите во светот кои најбрзо исчезнуваат. Ова е главно како последица на лошото управување од страна на човекот. Некогаш, земјиштето всушност се зголемувало кога поплавите од реката Мисисипи на пролет придодавале талог и го поттикнувале растот на мочуриштата. Сега, земјата тоне. Постојат голем број причини. Вештачките заштитни бедеми на реката сега ја попречуваат водата од пролетните поплави која ќе донесе свежа вода и талог во мочуриштата. Мочуриштата се значително поврзани и оставаат канали и ровови кои овозможуваат солена вода да навлезе во внатрешноста на земјата. Каналите ископани за потребите на нафтената индустрија и индустријата за гас исто така им овозможуваат на бурите да ја придвижат морската вода да навлезе во внатрешноста на земјата уништувајќи ги мочуриштата и мочурливото земјиште. Порастот на нивото на морето ја влошува состојбата. Според некои проценки државата дневно губи земјена маса еднаква на 30 фудбалски игралишта. Се даваат многу предлози за заштита на крајбрежните области преку намалување на штета направена од страна на човекот, вклучувајќи го обновувањето на природните поплави од Мисисипи. Без обнова од ваков вид, крајбрежните општини ќе продолжат да исчезнуваат, а како што тие исчезнуваат сè повеќе и повеќе луѓе го напуштаат регионот. Бидејќи крајбрежното мочурливо земјиште исто така го поткрепува крајбрежниот риболов кој е од економска важност, загубата на мочурливо земјиште негативно ќе се одрази врз оваа индустрија.

Клима Луизијана има влажна суптропска клима, можеби најкласичен пример на влажна суптропска клима од сите јужноцентрални држави, со долги, жешки, влажни лета и кратки, умерени зими. Суптропските одлики на државата во голема мера се должат на влијанието од Мексиканскиот Залив, којшто дури и со неговата најдалечна точка не е подалеку од 200 милји (320км). Атмосферските врнежи се чести во текот на годината, иако летото е незначително повлажно отколку остатокот од годината. Во октомври бројот на врнежи се намалува. Во Јужна Луизијана паѓаат пообилни дождови, особено во текот на зимските месеци. Летата во Луизијана се жешки и влажни, со високи просечни температури од 90 °F (32 °C) или повеќе и ниски просечни ноќни температури под 70 °F (22 °C), почнувајќи од средината на јуни до средината на сепрември. Во текот на летото ектремната максимална температура е поголема на север отколку на југ, со температури во близина на Мексиканскиот Залив кои повремено достигнуваат до 100 °F (38 °C), иако вообичаени се температурите под 95 °F (35 °C).

Температурите во јужниот дел од земјата се главно умерено топли во текот на зимата, со највисоки температури околу Њу Орлеанс, Батон Руж, остатокот од јужна Лиизијана и Мексиканскиот Залив со просечна температура од 66 °F (19 °C), додека северниот дел од земјата е умерено студен во текот на зимските денови со највисоки просечни температури до 59 °F (15 °C). Најниски ноќни температури во текот на зимата низ земјата се над нулата со просечна температура од 46 °F (8 °C) во близина на Заливот и ниска просечна температура од 37 °F (3 °C) во текот на зимата во северниот дел од земјата. И во Луизијана, во северниот дел од земјата, се забележува чест пад на температурите под 20 °F (−8 °C), но речиси некогаш тоа не е случај во јужниот дел од земјата. Врнежите од снег не се честа појава во близина на Мексиканскиот Залив, иако во областите во северните делови од земјата може да се очекуваат врнежи од снег од еднаш до трипати годишно. Во правец кон север, бројот на врнежите се зголемува. Највисоката забележана температура во Луизијана е 114 °F (46 °C) во рамнината Дилинг, на 10 август 1936 година, додека најниската забележана температура е 16 °F (−27 °C) во Минден на 13 февруари 1899 година.

Луизијана е често погодена од тропски циклони и е многу чувствителна на ударите на поголемите урагани, особено низините околу и во областа на Њу Орлеанс. Неспоредливата географија на регионот со многуте речни заливи, мочуришта, протоци можат да ги направат поголемите урагани особено разурнувачки. Областа е исто така склона кон често невреме проследено со грмотевици, особено на лето. Во текот на годината, во земјата просечно 60 денови се проследени со невреме со грмотевици, повеќе од било која друга земја, со исклучок на Флорида. Во Лиузијана се појавуваат во просек 27 торнада годишно, некои делумно во 2010 година. Целата земја е осетлива на удар од торнадо, со тоа што само најјужниот дел од неа е помалку изложен отколку остатокот од земјата. Торнадата се многу почести од јануари до март во јужниот дел од земјата, а од февруари до март во северниот дел од земјата.

Урагани 28-28 август 2012 година, Ураганот Исак ја погоди Луизијана, само 7 години по Катрина (2005 година). На 1 септември 2008 година, Густав пристигна на копното долж брегот на Луизијана во близина на Кокодри во југоисточна Луизијана. Националниот центар за урагани процени дека најдоцна до 31 август ураганот ќе остане на третата категорија или ќе ја помине, но во случајот центарот на Густав пристигна на копно како ураган од силна втора категорија ( 1 mph под третата категорија) и ја намали својата сила на прва категорија набргу потоа. Како резултат на предвидувањата на Националниот центар за урагани (NHC) беше спроведена масовна евакуација од Њу Орлеанс поради предупредувањата (како на пример од градоначалникот, Реј Нејџин) дека ова ќе биде “бура на векот”, со можност да биде поразурнувачки од Катрина, од пред речиси три години, но овие стравови не станаа реалност. Сепак, Густав зеде значителен број жртви, а околу 1,5 милиони луѓе во Луизијана на 1 септември останаа без електрична енергија.