Лопеш (, Апидеја; до 1960 г. Ανάργυροι, Анаргири; до 1927 г. Λώπες, Лопес) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 13 жители (2021).
Географија и местоположба Селото е сместено во областа Населица, околу 5 км југозападно од гратчето Лапчишта.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Лопеш било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Лопеш живееле 71 Грци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лопеш има 70 Грци.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Лопеш живееле 90 Грци христијани.Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 130 жители.
Во 1940 г. населението достигнало 159 жители, но потоа почнало да опаѓа и истото се намалува до денес.
Стопанство Населението произведува жито, компири, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.
Население
Поврзано
Населица
Наводи
Категорија:Горуша (општина)