Вариште или Варише — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во Република Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 35 километри источно од градот Гребен. На исток се граничи со кожанското село Сфилци (Хромио).
Историја
Под османлиско владение
Кон крајот на ХІХ век Вариште е грчко христијанско село во нахијата Венци во Кожанската Каза на Османлсикото Царство. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 година во Вариште живеат 155 Грци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 280. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година во Βάρεσια има 100 Грци-христијани.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001. Според записите на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вариште (Varché) има 145 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 212-213.
Грчка окупација
Во текот на Првата балканска војна во 1912 година в селото грчките војски и во втората Втората балканска војна во 1913 година селото останува под окупација на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е сменето на Варис.
Стопанство
Населението во селото се занимава со одгледување на жито и поретко со сточарство.
Демографија
Културни и природни знаменитости Годишната селска слава е на 20 мај.
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Гребен
Категорија:Гребен (општина)