Врбово — село во Гребенско, Егејска Македонија, Република Грција. Во селото според пописот од 2011 година има 133 жители

Географија и местоположба Селото се наоѓа 20 километри источно од градот Гребен и 5 км источно од реката Бистрица.

Историја Под владение на Османлиското Царство

Кон крајот на ХІХ век Врбово е грчко христијанско село во нахијата Венци во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов во текот на 1900 година во Врбово живее 131 Грк.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 281. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година во Βούρμποβο има 94 Грци христијани.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001. Според записите од Бугарската егзархија на Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врбово (Virbovo) има 150 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 212-213.

Грчка окупација

Во периодот на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки војски и по Втората балканска војна во 1913 година Врбово влегува во составот на Кралството Грција.

Во 1927 година името на селото е сменето во Итеја.

Стопанство

Населението во селото се занимава со земјоделство и сточарство.

Демографија

Културни и природни знаменитости

Централната црква „Свети Илија“ е споменик на културата. Годишната селска слава се слави на Мала Богородица - 8 септември.

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Гребен

Категорија:Гребен (општина)