Гирево (, Месокомон; до 1927 г. Γκερέν, ГеренΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Μεσόκωμο) — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 51 жител (2021).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина, јужно од Бешичкото Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 216 метри.
Историја
Во XIX век Гирево е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 350 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170..
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Месокомон.
Население
Во 1928 година селото броело 193 жители., додека во 1940 година селото броело 216 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 278 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 255 жители, во 1971 година имало 146 жители, во 1981 година имало 88 жители, додека во 1991 година имало 134 жители. Денеска, населението на селото е 62 жители според пописот од 2001 година.
Личности Родени во Гирево Николаос Проподис — андартΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 60
Наводи
Категорија:Лагадина