Лезик или Мелисургос () — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаKallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Мелисургос бил дел од општина Аполонија.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 26 километри западно од Ставрос и 65 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) помеѓу Лагадинско Езеро и Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 100 метри.

Лезик опфаќа површина од 23 квадратни километри.

Историја Отоманско Царство Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена во 1850 г. и прогласена за споменик на културата.

Во XIX век Клисели било македонско село кое се наоѓало во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 136 жители Турци и 160 ГрциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169..

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 230 Грци и во селото работело грчко училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197..

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година селото имало 1030 жители.. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Во 1926 година селото било преименувано во Мелисургос.

Демографија

Во 1928 година селото било мешано со 3 бегалски семејства и 10 бегалци .

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бешик

Категорија:Бешик