Муралар или Моралар (, Пеларгос; до 1927 г. Μουραλάρ, МураларΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κιοσελέρ -- Πελαργός) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 325 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.

Географија Селото е сместено во котлината Сариѓол, 6 км источно од Чалџиево и 12 км јужно од Суровичево.

Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Молари (Molari) е село во Џумалиската каза со 10 домаќинства од 25 жители муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 98-99.

Во 1889 г. хрватсниот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Муралар:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Моралар имал 250 жители Турци.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 435 жители, кои во 1920 г. нараснале на 510. Во 1920-тите по сила на Лозанскиот договор жителите како муслимани се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле семејства кои зборувале турски христијани од Мала Азија. Во 1927 г. селото е преименувано во Пеларгос. Во 1928 г. Муралар е заведено како дојденско село со 345 дојденски жители од 93 семејства.

Во 1940 г. селото броело 561 жител. Во Втората светска војна населението на Муралар било вооружено од окупаторските сили, а во Граѓанската војна покажало голема верност кон власта и, како противник на Демократското движење, ги пљачкало и тероризирало македонските села во околината.

Населението се намалило во текот на 1960-тите поради иселувања во Кајлари и други градови.

Население

Стопанство Населението се занимава со одгледување на жито и тутун, со овоштарството и делумно со сточарство.

Поврзано Сариѓол

Наводи

Категорија:Суровичево