Баракли или Бајракли ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα — село во Долна Џумаја во Серски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 22 километри северозападно од градот Сер и на 4 километри источно од Долна Џумаја.

Селото се наоѓа на надморска височина од 29 метри.

Историја Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Демирхисарската Каза во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со мешано население.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 120 семејства со 40 Турци и 330 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 136-137.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 300 Македонци, 300 Турци, 100 Черкези и 30 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 480 македонски гркоманиBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 188-189..

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Во 1927 година, селото било преименувано во Валтеро.

Наводи

Категорија:Долна Џумаја