Крондирци (, Калиндрија, до 1927 Κιλινδίρ, Килиндир)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Καλίνδρια — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 18 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 100 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крондирци се состоело од 80 семејства со 389 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Крондирци имало 200 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 312 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 296 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 89 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Калиндрија.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 366 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 267 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 267 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 261 жител, во 1971 година имало 203 жители, во 1981 година имало 184 жители, додека во 1991 година имало 151 жител. Денеска, населението на селото е 176 жители според пописот од 2001 година.

Личности Родени во Крондирци Георги Атанасов (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 61. Дино Крондирски„Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 72, ISBN 9549514560 македоно-одрински опълченец, четата на Тодор АлександровМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 384. Тома Мицев (1889 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 464.

Починати во Крондирци Никола Ангелов (? - 1903)

Наводи

Категорија:Кукуш