Хоџа Маало (, Парохтио, до 1927 Χότζα Μαχαλέ, Хоџа Махале)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Παρόχθιο — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 19 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 502 метри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хоџа Маало се состоело од 15 семејства и 40 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хоџа Маало имало 156 жители муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 258 жители, додека во 1920 година 90 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители. Во 1926 година, селото било преименувано во Парохтио.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 110 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 198 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 143 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 209 жители, во 1971 година имало 108 жители, во 1981 година имало 69 жители, додека во 1991 година имало 90 жител. Денеска, населението на селото е 70 жители според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Кукуш