Неманци или Чомлекчи ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 8 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 191 метри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Неманци се состоело од 36 семејства и 178 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Неманци имало 160 жители Македонци и 80 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 360 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирено како напуштено село без жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 125 жители. Зголемувањето на бројот на население се должи на населувањето на грчки семејства од Западна Тракија, која била под бугарска територија.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено дополнително грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Дипотамос.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 324 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 554 жители.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.
Селото во пописот од 1951 година броело 356 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 336 жители, во 1971 година имало 223 жители, во 1981 година имало 202 жители, додека во 1991 година имало 198 жител. Денеска, населението на селото е 200 жители според пописот од 2001 година.
Личности Родени во Неманци Гоце ТушевМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 738. Мино ДимчевМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 239. Тодор Илиев Матеевски (1891 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 432. Трајко Танов (1891 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 691.
Починати во Неманци Милан Делчев (1883 - 1903)
Наводи
Категорија:Кукуш