Петгас или Петг’с (, Пендалофос; до 1926 г. Πέτγα, Петга) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 155 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се големо мнозинство во него.

Географија Селото се наоѓа на 6 км југозападно од Гуменџе, на југоисточнтие падини планината Пајак. Кај селото е сместен Петгаскиот манастир „Св. Никодим Светогорец“, метох на светогорскиот манастир Симонопетра.

Историја Во Отоманското Царство мини|250п|Избришан живопис пред влезот на црквата „Св. Петар и Павле“ На 1,9 км југоисточно от селото и на 2,3 км северозападно од Геракарци, од десната страна на колскиот пат Петгас – Геракарци се наоѓа месноста Тумба. На овој рид е откриена античка населба, прогласена за заштитен споменик во 1996 г.

Во XIX век Петгас било чисто македонско село во Ениџевардарската Каза. Црквата „Св. Петар и Павле“ е од средината на XIX век.

На австроунгарската воена карта селото е обележано како Петгиз (Petjes, Petgiz), а на картата на Кондојанис како Петгас (Πέτγας), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Петгис (Πέτγκις) било село со 38 христијански семејства.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година в Петгъс живеят 330 Македонци христијани. Според Христо Силјанов по Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретеар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Петгаз (Petgaz) имало 376 Македонци, сите под Егзархијата.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Петгас било македонско со 56 куќи.

мини|250п|Црквата „Св. Петар и Павле“ Сепак, во селото продолжила битката помеѓу грчката и бугарската пропаганда. По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото (Пет гъз) испратиле телеграма до Отоманскиот парламент, жалејќи се дека црквата и училиштето се затворени веќе четири години од причини кои не им биле познати.

Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Петг’з (Петгъз) имало бугарски учител назначен од Егзархијата, но властите не дозволувале отворање на бугарското училиште поради статуквото.

По податоци на Егзархијата во 1910 г. Петгас било чифлигарско село со 65 семејства сочинети од 323 жители Македонци и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека селото Петгас (Πέτγας) има 300 егзархисти и 50 патријаршисти.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Петгаз имал 120 куќи на Македонци христијани.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Петгас бил пропоен кон Грција согласно Букурешкиот договор.

Во 1912 г. селото е заведено како населба со христијанска религија македонски јазик. На пописот од 1913 г. Петгас (Πέτγας) имал 331 жител (182 мажи и 149 жени). Во 1920 г. се попишани 302 жители.

Во 1924-1925 г. 114 жители (20 семејства) биле принудени да се иселат во Бугарија. и нивните имоти се ликвидирани. На нивно место властите доселиле Грци од странство. Во 1928 г. селото броело 266 жители, од кои 104 лица (27 семејства) биле грчки дојденци. Во 1926 г. селото е преименувано во Пендалофос.

На пописот од 1940 г. е забележано дека селото имал 319 жители, од кои само 40 биле грчки дојденци. Ова се должи на фактот што во меѓувреме голем дел од дојденците се преселиле во полските села. Селото настрадало во Втората светска војна, а особено во Граѓанската војна кога монархистичките власти принудно ги иселиле неговите жители во полските ениџевардарски села. Селото не било обновено веднаш, и затоа на пописот од 1951 г. се води како напуштено, но веќе во 1961 г. во Петгас се попишани 272 лица.

+ Месности во Петгас преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Цигарчи Камен Τσιγάρτσι Κάμιν Ксиролитија Ξηρολιθιάвозвишение на ЈИ од Рамна и на С од Цигарево Голем Дол Γκολέμ Ντόλ Мегалос Лакос Μεγάλος Λάκκοςрека на Ј од Рамна Дуков Рид Δούκοφριτ Рахи Дука Ράχη Δούκαвозвишение на ЈЗ од Рамна Бесина Μπεσίνα Лекани Λεκάνηмесност на З од Рамна Бачилка Μπατσίλκο Тирокомејон Τυροκομεΐονвозвишение на ЈЗ од Петгас и на СЗ од Рамна Грамајци Γκραμάϊτσι Петротон Πετρωτόνвозвишение на ЈЗ от Петгас и на С од Рамна (529,6 м) Пресекта Πρεσέκτα Ставродроми Σταυροδρόμιмесност на ЈЗ од Петгас Берковица Μπέρκοβιτς Ститос Στήθοςвозвишение на З од Петгас Албанџинде Άλμπαντσίντε Агриомилиес Άγριομηλιέςвозвишение на СЗ од Петгас Муркова Тумба Μούρκοβα Τούμπα Псилома Ψήλωμαвозвишение на И од Петгас (422 м)

Население

Културни и природни знаменитости Верски објекти Црква „Св. Петар и Павле“ од околу 1850 г. Петгаски манастир („Св. Никодим Светогорец“) од 1981 г.

Личности Георги Пенев Трпчев (1922 – 1945) — подофицер во Бугарија, загинал во Втората светска војнаДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 112, л. 1 Дионис Даулов (1873 – 1951) — револуционер, четник на ВМОРО Иван Георгиев Политика — револуционер на ВМОРО, четник на Штерјо Јунана„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.56 Минко Калцев — револуционер, четник на ВМОРОБабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр. 305 Мине Гонов — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25 Христо Георгиев (1878 – ?) — револуционер, војвода на ВМОРО Христо Пројчаков — револуционер, четник на ВМОРО.Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр. 310, 316 Христо П. Тенков (1882 – ?) — борец во МОО од четата на Ичко Димитров и четата на Иван Палљошев

Наводи

Категорија:Пајонија (општина) Категорија:Пајак (планина)