Постолар ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 9 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 102 метри.
Селото се наоѓа на дното на Солунското Поле и се состои од три маала: Горно Постолар (Άνω Απόστολοι, Ано Апостоли), Средно Постолар (Μέσοι Απόστολοι, Меси Апостоли) и Долно Постолар (Κάτω Απόστολοι, Като Апостоли). Горно Постолар е старата населба, додека останатите две биле изградени по 1924 година, кога во новите населби се населиле грчките бегалци од денешна Турција.
Историја
Во античко време во близина на Горно Постолар се наоѓал старомакедонскиот град Морил.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Постолар се состоело од 56 семејства и 255 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Постолар имало 240 жители Македонци и 50 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 288 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Апостоли.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 411 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 456 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 442 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 502 жители, во 1971 година имало 339 жители, во 1981 година имало 432 жители, додека во 1991 година имало 306 жител. Денеска, населението на селото е 1063 жители.
Стопанство
Бидејќи самото село се наоѓа на Солунско Поле, селото е богато со жито. Населението се занимава и со земјоделство.
Културни и природни знаменитости Црква „Успение на Пресвета Богородица“ од XIX век, прогласена за споменик на културата
Личности Родени во Постолар Јордан Григоров (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 184. Коле Минев (1877 или 1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 441 и 442. Костас Килтидис (p. 1956), грчки политичар Крсто Гогов (1870 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 179. Милан Постоларски (? - 1944) Мино Иванов (1874 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 291. Петре Дељов (1879 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 203. Пета Велев (1877 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 118. Петар Трајков (1883 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 727. Теодорос Парастатидис (р. 1952), грчки политичар Христо Трајков СтамболиевГ. Балкански, История на безвластническото движение в България (очерк), Париж, 1980 , преземено од http://anarhija.freediscussions.net/t110-topic на 7.07.2012 г.
Наводи
Категорија:Кукуш