Планиница или Липлак ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 19 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 369 метри.
Арбур опфаќа површина од 23 квадратни километри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Планиница се состоело од 100 семејства со 84 муслимани и 395 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Планиница имало 500 жители Македонци и 250 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 167..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 640 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало од страна на грчките војски а самото македонско и муслиманско население било принудено да побегне од своите домови.. Во Бугарија се иселиле 30 семејства и околу 150 жители во Горни Воден, АсеновградФилипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр.94
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 230 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 234 жител.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Фиска.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 318 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 619 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 387 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 501 жител, во 1971 година имало 303 жители, во 1981 година имало 304 жители, додека во 1991 година имало 299 жители. Денеска, населението на селото е 289 жители според пописот од 2001 година.
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Илија“ од 1854 г., прогласена за споменик на културата
Личности Родени во Планиница
Атанас Манолев (? - 1913)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 420. Атанас Манолов (1888 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 421.
Наводи
Категорија:Кукуш