Пејково или Пејово ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 13 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 633 метри.
Пејково опфаќа површина од 47 квадратни километри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пејково се состоело од 65 семејства и 200 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Пејково имало 815 жители муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 734 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 329 жители. Големата разлика меѓу населението од двата пописа било поради тоа што селото настрадало во текот на Првата светска војна.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Агиос Маркос.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 194 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 441 жител.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.
Селото во пописот од 1951 година броело 303 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 326 жители, во 1971 година имало 215 жители, во 1981 година имало 123 жители, додека во 1991 година имало 119 жител. Денеска, населението на селото е 89 жители според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Кукуш