Хрсово (, Херсо, до 1927 Χέρσοβον, Херсовон)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Χέρσο — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 19 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 74 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хрсово се состоело од 80 семејства со 424 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хрсово имало 360 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 480 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села Турново и Секирник.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото се водело како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 399 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Херсо.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 687 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 1283 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1619 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1803 жители, во 1971 година имало 1101 жител, во 1981 година имало 1044 жители, додека во 1991 година имало 925 жители. Денеска, населението на селото е 1209 жители според пописот од 2001 година.

Личности Димитрис Басис, грчки музичар

Наводи

Категорија:Кукуш