Караташ (, Метало; до 1927 г. Καρατάς, Каратас) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.

Географија Селото се наоѓало на јужните падини на Сенгелска Планина, источно од Рупел и северозападно от Црвишта. Во XIX век Караташ било турско село во Демирхисарската Каза, по кое е наречена областа на неколку турски села – Орта Маала на североисток, Омерли Маала на исток, Чавдар Маала, Алезли Маала, Ченге Маала и Бујук Маала.

Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Караташ (Kara-tach) било село со 32 домаќинства сочинети од 80 муслимани, Омарли Маала (Omarli-mahla) — 16 домаќинства на 40 жители муслимани, Бујук (Bouyuk) — 22 домаќинства на 50 муслимани, Елес (Elèse) — 20 домаќинства на 48 муслимани, Ченга (Tchenga) — 18 домаќинства на 40 муслимани и Чавдарли (Tchavdarli) — 40 домаќинства на 100 муслимани.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кара Таш Махале имало 150 жители, Чавдар Махале — 130, Амерли Махале — 100, Алезли Махале — 80, Ченге Махале — 60 и Бејук Махале — 180, сите Турци.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него се попишани 78 жители, во 1920 г. воопшто не се спомнува, што значи дека се распаднало во Првата светска војна. Селото е обновено во 1923 г. кога тука се доведени грчки колонисти. Во 1927 г. Караташ е преименуван во Металон.

На пописот од 1928 г. Караташ е претставен како дојденско село со 220 лица (72 семејства).

Во 1940 г. селото имало 292 жители, но не е евидентирано во бугарската статистика за 1941 г. што значи дека населението избегало со надоаѓањето на бугарската окупациска војска. Жителите се сместиле во побогатите села и во градовите, и никогаш не се вратиле во селото.

Наводи

Категорија:Историски села во Синтика