Јута (англиски: Utah) или официјално Држава Јута (State of Utah) е сојузна држава во западниот дел на САД. Јута е 45 држава која се приклучила на сојузот, односно Јута станала дел од САД на 4 јануари 1896 година. Државата е 13 по големина во САД, 34 по број на жители и 10 најслабо населена сојузна држава. Околу 80% од вкупно 2,817,222 жители на Јута живеат во регионот Васач Фронт, чиј центар е Солт Лејк Сити, кој воедно е и главен град на државата. Така, државата во најголем дел не е населена и населението е шесто најурбано во САД. Јута се граничи со Аризона на југ, со Колорадо на исток, со Вајоминг на североисток, со Ајдахо на север и со Невада на запад. Исто така, Јута, има допирна точна со Ново Мексико.
Од религиска гледна точка, Јута е најхомогена држава во сојузот. Околу 60% од населението се членови на Црквата на Исус Христос на светците од последниот ден или познати како Мормони или Мормонска црква. Оваа црква има силно влијание врз културата и секојдневниот живот на Јута.U.S. Religious Landscape Survey 2008, the Pew Forum on Religion & Public Life, pp 99–100. Retrieved July 2, 2008.
Државата е центар за транспорт, информатичка технологија и истражување, владини сервиси, рударство и главно туристичко одредиште за туризам во природа. Според Бирото за попис на САД, Јута била најбрзо растечка сојузна држава во САД во 2008 година. Сент Џорџ бил најбрзо растечки метрополски регион во САД во периодот од 2000 до 2005 година.
Потекло на поимот Името „Јута“ потекнува од името на племето Јути што значи „луѓе од планините“.Utah Quick Facts at Utah.gov Прекарот на Јута е „Држава на пчелините кошници“.
Демографија
Бирото за попис на САД проценило дека населението на Јута во јули 2011 година било 2,817,222, што значи се зголемило за 1.93% од минатиот попис во 2010. Голем дел од населението живее во поголемите градови во Васач Фронт, метрополски регион во близина на планините Васач. Исто така се забележил пораст на населението и надвор од овој урбан регион.
Според етничкото потекло на населението, Јута е составена од:
27.3% со англиско потекло 12.3% со скандинавско потекло: (5.8% со данско, 4.1% со шведско и 2.4% со норвешко) 12.1% со германско потекло 9.0% со мексиканско потекло 6.6% со американско потекло 6.2% со ирско потекло 4.6% со шкотско потекло 2.2% со француско потекло 2.2% со велшко потекло 1.4% со шкотско-ирско потекло 1.3% со швајцарско потекло
Политика
Како и останатите сојузни држави на САД, така и Јута, има извршна, законодавна и судска власт. Моментален гувернер на Јута е Гери Херберт, кој ја презел функцијата на 11 август 2009 година. Гувернерот на Јута се избира за мандат од четири години. Законодавната власт на Јута е составена од Сенатот и Претставничкиот дом. Државните сенатори имаат мандат од четири години, додека претставниците мандат од две години. Врховниот суд на Јута е највисок суд во државата.
Административна поделба
thumb|right|200px|Окрузите во Јута. Јута е административно поделена на окрузи. Според административната поделба од 1918 година, државата има 29 окрузи.
Окрузи во Јутаокругседиштегодина на основањенаселение (2010) % од вкупното населениеповршина% од вкупната површинаБиверБивер18566,1620.23 %3.05 %Бокс ЕлдерБригам Сити185649,9751.79 % 7.93 %КешЛоган1856112,6564.12 %1.38 %КарбонПрајс189421,4030.71 %1.75 %ДагетМанила19189380.03 %0.85 %ДејвисФармингтон1852306,47910.79 %0.75 %ДушејнДушејн191518,6070.62 %3.84 %ЕмериКасл Дејл1880109760.38 %5.26 %ГарфилдПејнгвич18824,6580.17 %6.13 %ГрандМоаб18909,5890.35 %4.35 %АјронПарован185246,1631.63 %3.89 %ЏуабНефи185210,2460.36 %4.01 %КејнКејнаб18646,5770.24 %4.84 %МилијардФилмор185212,5030.44 %8.04 %МорганМорган18628,6690.32 %0.72 %ПајутЏанкшн18651,4040.05 %0.90 %РичРандолф18682,2050.08 %1.28 %Солт ЛејкСолт Лејк Сити18521,029,65537.37 %0.95 %Сан ХуанМонтисело188014,7460.55 %9.34 %СанпитМантај185227,8220.93 %1.89 %СевиерРичфилд186520,8020.73 %2.26 %СамитКолвил185436,3241.32 %2.22 %ТуилаТуила185258,2182.08 %8.58 %ЈуинтаВернал188032,5881.09 %5.30 %ЈутаПрово1852 516,56419.40 %2.52 %ВасачХебер186223,5300.77 %1.42 %ВашингтонСент Џорџ1852138,1155.03 %2.86 %ВејнЛоа18922,5090.09 %2.90 %ВеберОгден1852231,2368.31 %0.78 %
Поголеми градови и населени места
Населението на Јута е сконцентрирано во две области: Васач Фронт, кој се наоѓа во северниот централен дел на државата и има население од над 2 милиони, и југозападна Јута, која е позната како Јутас Дикси и има население од околу 150,000 жители.
Според пописот од 2010 година, Јута била втора најбрзо растечка сојузна држава во САД со 23.8 проценти во периодот од 2000 до 2010 година, веднаш зад Невада. Сент Џорџ е исто така втор најбрзо растечки метрополски регион во САД.
Трите најбрзо растечки окрузи во периодот 2000-2010 година биле Васач (54.7%), Вашингтон (52.9%) и Туила (42.9%). Сепак, округот Јута добил најмногу прилив на население (148,028).
Ранг воЈутаГрад Население(2010) во градско подрачје Територија Густина нанаселение (/mi²) Густина нанаселение (/км2) Округ 1 Солт Лејк Сити 186,440 1,666.1 630Солт Лејк 2 Вест Вели 129,480 3,076.3 1236Солт Лејк 3 Прово 112,488 2,653.2 1106 Јута 4 Вест Џордан 103,712 2,211.3 1143Солт Лејк 6 Орем 88,328 4,572.6 1881 Јута 5 Сенди 87,461 3,960.5 1551 Солт Лејк 7 Огден 82,825 2,899.2 1137Вебер 8 Сент Џорџ 72,897 771.2 385 Вашингтон 9 Лејтон 67,311 2,823.9 1153 Дејвис10 Тејлорсвил 58,652 5,376.1 2094 Солт Лејк
Галерија thumb|center|800px| Национален парк Кањон Брус thumb|center|800px|Солт Лејк Сити thumb|center|800px|„Еденска градина“
Местоположба
Наводи
Поврзано Соединети Американски Држави Сојузни држави на САД Мормони Солт Лејк Сити Солт Лејк Јути
Надворешни врски
Општо
Влада Официјално мрежно место на Јута Статистика на Јута
Воени Национална воена гарда на Јута Национална воздухопловна гарда на Јута
Карти и демографија Факти за Јута Географски и останати научни ресурси на Јута Картки информации за Јута
Туризам Канцеларија за туризам на Јута Официјален туристички портал Официјално мрежно место на парковите на Јута Сообраќај и состојба на патиштата во Јута
* Категорија:Поранешни колонии на Шпанија