Граждани ( или Grezhdani) — село во општината Дебар на Дебарската област, источна Албанија. Порано било населено исклучиво со Македонци, од мешана вероисповед.

Географија Селото е сместено во областа Долно Поле, во западното подножје на планината Дешат. Лежи недалеку на јутоисток од Ербеле и југозападно од Попинари. На 6 км источно по воздушна линија е границата со Македонија која таму ја образува планината Крчин.

Историја Во Отоманското Царство Местото е населено уште од антиката, а понатаму и во средниот век, за што сведочи Гражданското кале над селото. Во 1963 г. е прогласено за споменик на културата.

Селото е споменато во османлиски дефтер од 1467 г. како Гратулани.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Граждани (Grajdani) било село со 26 домаќинства сочинети од 34 Македонци-христијани и 38 Македонци муслимани (торбеши).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170 – 171. Според Васил К’нчов на почетокот на XX век Граждани, како и останатите села во Поле како Макелари, Обоки, Ербеле, и слично, било македонско село во процес на албанизација. Според неговата статистика („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Граждане живееле 85 Македонци-христијани и 100 „Албанци“-муслимани, од кој добар дел несомнено биле торбеши со проалбански склоности

Според податоци на секратарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Граждани (Grajdani) имало 40 Македонци под егзархијата.

На почетокот на Првата балканска војна во 1912 шестмина жители од Граждани се пријавиле како доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.840.

Во Албанија По војната во 1913 г. селото влегло во состав на нодосоздадена Албанија.

а време на Првата светска војна австроунгарската воена управа спровела попис (1916-1918) во деловите на Албанија под нивна окупација, и Граждани е заведено како село со 234 Албанци и 19 Роми, вкупно 253 муслимани. Јазичарите Клаус Штајнке и Џелал Јули ги сметатат резултатите од овој попис за точни. Повторно, треба да се напомене дека добар дел од тие „Албанци“ сигурно биле Македонци муслимани кои се изјаснувале како такви од културни причини.

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Граждани се води како село со 40 куќи.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Макелари.

Знаменитости Гражданско кале — античка и средновековна тврдина

Личности Даме Христовски — борец во Балканските војни„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.765. Крсте Василевски (1894 – ?) — борец во Балканските војни, ѕидар„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.112. Кузман Силковски (1880 – ?) — борец во Балканските војни, столар, претприемач„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.610. Назиф Граждани (1872/73 - 1937) — револуционер во Албанија Петре Јосифовски (1872 – ?) — борец во Балканските војни жител на Дебар, мајстор„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.328. Петар Јосифовски — борец во Балканските војни Стојан Радев Стојановски (1894 – ?) — борец во Балканските војни, ѕидар„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.590., во Првата светска војна носител на орденот „За храброст“ III од бугарската војскаДВИА, ф. 40, оп. 1, а.е. 101, л. 602

Поврзано Дебарско Поле

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Албанија Категорија:Дебар (Албанија) Категорија:Македонски населби во Албанија