Мордор (на синдарин: Црна земја и на квенја Земјата на Сенката) е земјата во која живее „непријателот“ Саурон во измислениот свет на делата на Џ. Р. Р. Толкин наречен Средна Земја. Мордор се наоѓа на југоисток од Средна Земја источно од големата река Андуин. Единствената планина во Мордор, Ородруин била одредиштето на ликовите од Дружината на Прстенот (а потоа на Фродо Багинс и Семвајз Гамџи) во нивната потрага за уништување на Единствениот Прстен опишана во Господарот на прстените. Мордор бил единствен бидејќи го обиколувале три огромни планински венци, од север, запад и од југ. Планините строго ја заштитувале земјата од наезда и го спречувале бегството на сите оние кои живееле во Мордор (слуги на Саурон)
de:Regionen und Orte in Tolkiens Welt#Mordor simple:Middle-earth locations#Mordor
Категорија:Кралства во Средната Земја Категорија:Средна Земја