Идно прекажано време — едно од покарактеристичните особености на македонскиот глаголски систем. Идното прекажано време се користи за прекажување на одредено идно дејство. Ова време се образува со честичката ќе и минато неопределенио време на глаголот.
Образување
Идното прекажано време се образува со употреба на честичката ќе и соодветната форма на глаголот од минато неопределено време.
чека носи кажеЈасќе сум чекалќе сум носелќе сум кажелТиќе си чекал ќе си носел ќе си кажелТој, таа, тоаќе чекал (а)*ќе носел (а)*ќе кажел (а)*Ниеќе сме чекалеќе сме носелеќе сме кажелеВиеќе сте чекалеќе сте носелеќе сте кажелеТиеќе чекалеќе носелеќе кажеле
* - форма за женски род.
Од промената на глаголите се гледа дека во третото лице еднина и множина се испушта помошниот глагол и дека се зема несвршената л-форма кај оние глаголи што имаат две л-форми.
Одречните форми се образуваат на два начина: со честичката не (не ќе сум одел) или со глаголот нема во л-форма од среден род и да конструкција (немало да одам, немало да одиме итн.)
Употреба
Со идното прекажано време се искажуваат значењата што ги има идното и минатото-идно време, само во вид на прекажување. пр: Марко ќе одел на одмор со новиот автомобил.
Формите на идното и минатото идно време се користат за директно кажување на засведочени дејства, а формите на идното прекажано време за незасведочени, па според тоа и прекажани дејства. Со идното прекажано време често се искажува личен став кон она што се кажува.
Наводи
Поврзано
Граматика на македонскиот јазик Глаголи во македонскиот јазик Македонски јазик
Надворешни врски Македонска граматика од Виктор Фридман. Граматика на македонскиот литературен јазик од Хорас Лант. Македонска граматика од Круме Кепески.
Категорија:Глаголски времиња во македонскиот јазик