мини|Хеликоптер 1922 мини|Хеликоптер Bell 206 на полицијата на САД Хеликоптер или вртолет — вид летало што се крева и спушта со помош на вртечки перки. Тие му овозможуваат на хеликоптерот да полета и да слета вертикално, да лебди и да лета нанапред, наназад и странично. Овие атрибути им овозможуваат на хеликоптерите да бидат користени во тешко достапни и изолирани места. Хеликоптерите се класифицирани како авиони со вртежни крила, за разлика од класичните авиони со фиксни крила. Зборот „хеликоптер“ е настанат од старогрчките зборови „хеликс“ (спирала) и „птерон“ (крило). Хеликоптерот е еден вид rotorcraft, којшто е подвид на авионите.
Историјат Како далечни основачи на хеликоптерот се сметаат Кинезите, кои во 4. век п.н.е. развиле мала играчка за летањe, направенa од бамбус, во форма на хеликоптер.
Хеликоптерот како тема во уметноста и во популарната култура „Хеликоптер“ — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 99-100. „Хеликоптер“ (англиски: Helicopter) — песна на англиската рок-група Батхоул сурферс (Butthole Surfers) од 1979 година.XTC – Drums And Wires (пристапено на 7.6.2024) „Хеликоптер“ (англиски: Helicopter) — песна на американската рок-група Батхоул сурферс (Butthole Surfers) од 1989 година.YouTube, Butthole Surfers - Helicopter (пристапено на 20.3.2017) „Синиот гром“ (англиски: Blue Thunder) — американски филм од 1983 година, во режија на Џон Бедхем.
Наводи
Категорија:Воздухоплови Категорија:Воздухопловство Категорија:Грцизми