За другите опсади на градот видете Опсада на Цариград
Опсадата на Цариград од 813 година е обид на бугарскиот хан Крум да го зазеде градот од страна на Византија.
Заднина
Во јули 811 година, Бугарската држава ѝ нанела пораз на Византија во Битката кај Плиска, каде го заробил и убил императорот Никифор I. Веќе во следната година, ханот организирал воен поход кон Тракија, каде биле заземени поголем број на тврдини и места.
Опсада
Во текот на 812 година, бугарскиот хан ги испратил своите емисари во Цариград за да побарат од византискиот цар Михаил I Рангаве склучување на мир. Тој го одбил тој договор. По ова, бугарите го презеле Месемврија. Во 813 година за нов цар на Византија бил избран Лав V Ерменски, а по само една недела, хан Крум и бугарската војска била пред ѕидините на градот. Помеѓу двата императори била договорена средба за склучување на мир. Но набргу ханот дознал дека средбата е само една обична замка па заседанието го напуштил.
На враќање, бугарската армија ги опустошила Источна Тракија и го презел денешниот град Едрене. Тој решил по ова да тргне повторно кон Цариград со околу 30.000 души, но во текот на подготовките ханот починал.
Поврзано Византиско-бугарски војни Цариград Опсада на Цариград (860)
Надворешни врски
Границите на Бугарија во времето на хан Крум Scriptor Incertus — About the Emperor Nikephoros and how he left his bones in Bulgaria
Категорија:Судири во 9 век Цариград 813 Цариград 813 0813 Категорија:813 Категорија:Бугарија во 9 век Категорија:Византија во 9 век