thumb|200px|Селото Артуров Превој thumb|200px|Куковопланинско лутиче (Ranunculus lyallii) во паркот thumb|200px|Поглед на Артуровиот Превој од планината Аваланш Пик Национален парк Артуров Превој () — национален парк кој наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд.

Основан е во 1929 како прв национален парк на Јужниот Остров и трет во земјата. Низ него поминува автопатот State Highway 73, кој минува низ селото Артуров Превој (Артур Пас) и продолжува преку истоимениот планински превој на Јужните Алпи на надморска височина од 920 м. Паркот е под управа на Службата за заштита на природата која во селото Артуров Превој има депо, управни канцеларии и посетителски центар.

Географија Паркот е мошне карактеристично поделен со главната делница на Јужниот Остров. Источната страна е посува и е покриена со букова шума и широки речни корита, додека пак западната страна е прекриена со густи дождовни жуми. Географијата во најголема мера е производ на древните ледници, образувајќи рамни долини со облик на буквата U. По средината се протега висок планински венец со големи планини со снежни врвови одронети падини.Национален парк Артуров Превој > Нов Зеланд, www.newzealand.com , отворено на 30 ноември 2009

Паркот ги содржи следниве географски обележја:

Дел од главната делница на Јужниот Остров, вклучувајќи ги следниве превои — Харман, Ваимакарири, самиот Артуровиот, Козјиот (на правецот Минга-Десепшон), Тарахуна, Ворзли, Минчин и Харпер. Врутокот на реката Ваимакарири, со нејзините водопади во непосредна близина. Многубројни притоки на реката Ваимакарири, меѓу кои и Били, Пултер, Ходон, Белата, Гаврановата и Анти Гаврановата Река. Многубројни притоки на реката Тарамакау, како Отира, Десепшон и Отехаке. Мерчисоновата Планина, која со 2400 м е највисока во паркот.

Рекреација Паркот е популарен за планинарство, скијање и алпинизам.

Најпопуларни планинарски патеки се:

Минга-Десепшон (по која се одржува трка „од крајбрежје до крајбрежје“) Аваланш Пик Ходон-Едвардс

Безбедност Паркот се смета за многу тежок и опасен за планинарење, и во многу случаи бара големо планинарско искуство и опширни познавања од овој слабо населен крај.

Локалните временски услови и прогноза можат да се проверат тука .

Наводи

Надворешни врски За националниот парк Артуров Превој — Служба за заштита на природата на Нов Зеланд Softrock - мошне корисна страница во сопственост на локален мештанин Спасувачка служба и итна помош на Артуровиот Превој

Артуров Превој Категорија:Западно Крајбрежје (Нов Зеланд) Категорија:Кантербери (регион)