За другите опсади на градот видете Опсада на Цариград

Опсадата на Цариград од 1235 година — неуспешен обид за преземање на престолнината на Латинското Царство од страна на Никејското Царство на чело со Јоан де Бриен и Бугарската империја на чело со Иван Асен II.

Заднина

По смртта на Роберт де Куртене во 1228 година, негов наследник станал Јоан де Бриен. По поразот на Латинското Царство во Битката кај КлокотницаTurnovo inscription of Tsar Ivan Asen II in the Holy 40 Martyrs Church in honour of the victory at Klokotnitsa on 9 март 1230. Во меѓу време, царот на Никеја, Јован III Дука Ватац склучил договор со Бугарија, кој договор во текот на 1235 година дошол до напаѓање и опсада на Цариград.

Опсада

Во 1235 година, Анџело Санудо ја испратил својата морнарица за одбрана на Цариград, каде што царот Јоан де Бриен веќе се наоѓал под опсада од страна на Јован III Дука Ватац, царот на Никеја, и Иван Асен II од Бугарија. Заедничката опсада на сојузниците била неуспешна. Сојузниците од опсадата се повлекле во есента, бидејќи доаѓала зимата. Двата цареви се договориле опсадата да биде продолжена во следната година, но тогаш бугарскиот цар одбил да испрати војници. По смртта на Јоан де Бриен во 1237 година, Бугарите го прекратиле договорот со Никеја, главно поради можноста Иван Асен II, да стане регент на Латинската империjа.

По опсадата

Од 1247, Никејското Царство го опседнал градот. Во Битка на Пелагонија|Битката на Пелагонија во 1258 година, Латинското Царство доживеала пораз, со кое било означано пропаѓањето на империјата. Така во 1261 година градот Цариград бил заземен од страна на Никеја, а со тоа Латинското Царство пропаднала.

Наводи

Поврзано

Опсада на Цариград (1260) Опсада на Цариград (1261)

Надворешни врски

The Latin Occupation in the Greek Lands - The Latin Empire, from the Foundation of the Hellenic World

1235 Категорија:Битки на Латинското Царство Категорија:Опсади на Никејското Царство Категорија:Битки на Второто Бугарско Царство Категорија:Бугарија во 13 век Категорија:Судири во 1235 година К 1235