Крале Марко (околу — ) — последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани. Истовремено, тој е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот. Кралството на Марко било со средиште во Македонија, со Прилеп како главен градГеорги Острогорски, Историја на Византија и затоа се смета за македонски крал.Крсте Петков Мисирков. „За македонцките работи“ Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел'на етнографцка и политична іединица?, Софија, 1903: Македониiа крепит Урошеиiот престол и македонцкиiот големец крал' Волкашин iет главниiот советник и десна рака на Уроша.

Животопис

Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, а во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда, Дева, Вида, Угра, Шаина и Беда. Марко имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник.

thumb|left|150px|Крале Марко, Мина Караџиќ, ~1850

За потеклото на фамилијата Мрњавчевиќ нема сигурни сознанија, бидејќи современите пишувани извори не даваат податоци за тоа. Најстари податоци за ова семејство дал дубровничкиот писател Мавро Орбини од XVII век. Според него, тие потекнувале од Ливно, во Херцеговина, од сиромашниот владетел Мрњава, кого царот Душан (1346-1355) го повикал на својот двор и многу го издигнал. Врз основа на ваквото пишување на Орбини прифатено е презимето Мрњавчевиќ за оваа фамилија и како такво одамна е востановено во литературата.

За време на владеењето на неговиот татко, Марко ја имал титулата „млад крал“, односно престолонаследник. Во Маричката битка во 1371 год., Марко не учествувал во бојот, туку останал да управува со територијата на земјите на неговиот татко и на чичко му. По неа и по смртта на браќата Мрњавчеви, тој станал крал и формално-правно совладетел на царот Урош. Според некои научници, тој бил и единствениот легитимен наследник на Душановото царство, по смртта на Урош и замирањето на династијата Немањиќи.

Но, владеењето на кралот Марко се соочувало со постојани притисоци, како од страна на српските големци, така и од страна на Турците, кои постепено завладувале со Балканот. Набргу, некои територии му биле одземени од кнезот Лазар, Никола Алтомановиќ, Балша и Турците. Тоа било време кога многу од владетелите склучувале мир со Османлиите, станувајќи нивни вазали. Така, и Марко ја признал врховната власт на Мурат I, се обврзал да му плаќа данок и да ѝ служи на турската војска во нејзините воени походи. Границите на Марковата држава биле: Вардар на исток, Шар Планина на север, Охридското Езеро и градот Костур на југозапад, а престолнина Прилеп.

По Маричката битка

Постојат различни претпоставки за годината во која кралот Марко станал турски вазал. Некои сметаат дека тоа се случило во 1371 г., веднаш по Маричката битка, но постојат записи кои кажуваат за турските опсади на Прилеп и Битола во 1385 год., што го дефинира Mарковото кралство како независна територија во однос на турската држава.

Интересно е да се напомене дека и покрај турското вазалство, кралот Марко се издигнал на ниво на легендарен национален херој, под чие владеење народот се чувствувал заштитен и поспокоен во однос на соседните народи. Музафер Туфан во „Кралот Марко во некои турски извори“ објаснува дека тоа се должи на „фактот дека тој успеал најдолго да ја сочува внатрешната автономија и фактот дека тој тоа го постигнал врз основа на својата тактичност, државничка мудрост и подготвеност на осојузување, дури и по цена на саможртва, со цел подолго да се опстане и да се сочува внатрешната автономија и соработка на Балканот“.

Смртта

лево|мини|250п|Смртта на Крали Марко од Новак Радониќ (1848)

На 17 мај 1395 год. во Битката кај Ровине, застанувајќи на страната на турскиот султан Бајазит I и борејќи се против влашкиот војвода Јован Мирче, кралот Марко загинал, провоцирајќи низа шпекулации како точно се случило тоа и каде било погребано неговото мртво тело. Според Мавро Орбини, Крале Марко ја загубил битката против Мирче крај Кралево, а потоа побегнал во некоја шума каде, по грешка, бил убиен од некој Влав кој мислел дека се работи за ѕвер. Неговото тело било закопано во близина на Скопје, во манастирот Блачани. Други научници веруваат дека мермерната плоча од ѕидот на трпезаријата во Марков манастир зборува дека неговиот гроб се наоѓа токму на ова место. Ниту една од овие теории не е потврдена од науката. Преданието вели дека непосредно пред битката, на деспотот на кумановско-кратовската област Константин Дејанов (Константин Драгаш), кој исто така се борел на страната на Османлиите и загинал во битката, Марко му ги кажал следниве зборови: „Го молам Бога да им помогне на христијаните, а јас прв да загинам во таа борба“.

Крале Марко во народното творештво мини|десно|Релјеф со Крале Марко на портата „Македонија“ во Скопје.

Крале Марко е најголемиот јунак и единствениот довршен лик во народното творештво на Јужните Словени:Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 14. за него, постојат голем број легенди и преданија, а тој е најопеаниот јунак во народната епска поезија. Песните за него најпрвин се појавиле во Прилеп и во неговата околина, а потоа се прошириле и на другите поблиски и подалечни територии.Томе Саздов, „Предговор“, во: Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 6. Притоа, описот на Крале Марко во народното творештво често драстично се разликува од историските факти. На пример, во една песна се споменува дека учел кај попот Неделко во Призрен и дека му бил писар на царот Душан;„Урош и Мрњавчевићи“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 44-50.„Урош и Мрњавчевићи“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 85-91. во друга песна се вели дека бил присутен на бојното поле непосредно по завршувањето на Косовската битка;„Марко Краљевић и орао“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 123-124. во песната „Марко пие на Рамазан вино“, тој му се спротивставува на султанот Сулејман, кој владеел по смртта на Марко;„Марко пије уз Рамазан вино“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 129-131. во друга песна се споменува дека Марко бил три години затворен во Истанбул„Марко Краљевић и Муса Кесеџија“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 132-138. и дека во младоста го убил својот брат Андријаш.„Марко Краљевић и брат му Андријаш“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 58-60. Најпосле, според народната песна, Марко умрел крај морето, на Урвина планина, откако живеел 300 години, од кои со Шарец се дружел 160 години. Притоа, тој не умрел на бојното поле, туку во еден бунар го видел својот лик, а потоа го убил Шарец, ги скршил сабјата и копјето, го фрлил боздоганот во морето, напишал писмо и легнал да умре. Една недела подоцна, тука поминал игуменот Васо кој го зел мртвото тело на Марко и го закопал во црквата Хиландар, на Света Гора.„Смрт Марка Краљевића“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 149-153.

Во народното творештво, Крал Марко често е прикажан како јунак кој се бори против поробувачот или му пркоси на различни начини. Така, во песната „Орањето на Крале Марко“, тој намерно ги ора царските друмови, а потоа ги убива јаничарите и им го одзема богатството;„Орање Марка Краљевића“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 228. другпат, тој го крши царскиот указ и игра оро со жените и пие вино на Рамазан при што ги присилува и турските оџи и аџии да пијат.„Марко пије уз рамазан вино“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 202-204. Но, истовремено, народниот пејач бил свесен и за вазалската положба на Крал Марко: така, во песните тој служи во османлиската војска;„Марко Краљевић познаје очину сабљу“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 171-174. се истакнува во војната на османлиската војска против Арапите;„Марка Краљевић и Мина од Костура“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 180-189. заедно со неговиот побратим Алил-ага го чуваат царството и ги задушуваат бунтовите;„Марко Краљевић и Алил-ага“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 175-179. на царот му се обраќа со „потатко“ а на царевата жена со „помајка“, додека царот го нарекува „синко“ или „посинко“;„Марко Краљевић и Арапин“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 190-201. застанува во одбрана на царот и на царевата ќерка;„Марко Краљевић и Муса Кесеџија“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 205-201.

Во народните песни, Крале Марко е обдарен со необични особини и со огромна, неверојатна сила, која ја стекнал уште од раѓањето. Така, уште на третиот ден по раѓањето, во домот на Волкашин дошоле три наречници, а една од нив предвидела „Марко јунак да е, кога момче оно да порасте, на татка си коски да му скрши“.„Марко и три наречници“, во: Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967, стр. 5-12. Притоа, својата голема сила Крале Марко ја наследил од својот вујко, војводата Момчило кој бил најголем јунак.„Женидба краља Вукашина“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 30-37. Во српската народна приказна „Како Крале Марко го научил јунаштвото“ (Како се Краљевиһ Марко јунаштву научио), Крале Марко кажува дека станал јунак така што го набљудувал однесувањето на децата и на кучињата: кога кучето или детето бега, тогаш сите други го гонат; но, дури и најслабото дете или куче, кога напаѓа, сите бегаат од него.'„Како се Краљевиһ Марко јунаштву научио“, во: Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 156.„Како се Краљевић Марко јунаштву научио“, во: Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 424. Инаку, според народната песна „Урош и Мрњавчеви“, судбината на Крале Марко се остварила токму според клетвата на татко му Волкашин и на благословот на царот Урош: Имено, Волкашин го проколнал Крале Марко со зборовите: „Сине Марко, бог да те убие! Да немаш гроб ни пород! И душата да не ти излезе - додека не го двориш турскиот цар!“ Од друга страна, царот Урош го благословил посакувајќи му „твојата сабја да сече на мегданот! Над тебе да не се најде јунак! Името секаде да ти се споменува, додека постојат сонцето и месечината!“