Крсто Енчев ( во Лехово, Валовишко — во , Австралија) — книжевен трудбеник, борец за правата и слободите на македонскиот народ.

Животопис Со својата фамилија се населил во селото Јаново, околија на Сандански.

По убедување бил анархист и антикомунист, поради што е прогонуван од бугарскиот комунистички режим. Во 1950 година успева да емигрира во Австралија оставајки ја жената и четирите сина, кој потоа биле преселени во Ловечкиот регион. Таму, тој е еден од водечките организатори на македонската дијаспора. Заедно со уште неколкумина македонски емигранти (Александaр Христов, Ангело Вретовски, Георги Чочков, Митре Моjсовски и други) во 1980 година го основа весникот “Народна Волја“, чие излегување ќе го помага до крајот на животот.

Крсто Енчев е пирински Македонец, кој целиот свој живот го посветил борејки се за праведни идеали и достоинство на македонскиот народ. Врховен идеал во непоколебливата титанска борба која е за независна и самостојна обединета македонска држава. Единствено правилна идеја за секој национално осознаен Македонец. Во мемоарите опишана е борбата на Македонците за независна обединета Македонија.

Својот бурен живот Енчев го има опишано во книгата “Автобиографија - спомени“. Спомените му се пишувани на англиски јазик, а во превод на бугарски јазик се објавени во Бугарија, првиот дел во Софија во 1999 година, а вториот дел посмртно во Благоевград во 2003 година. Починал во Австралија.

Книжевност

Крсто Енчев: „Автобиографија - спомени“, прв дел - Софија, 1999 Крсто Енчев: „Автобиографија - спомени“, втор дел - Благоевград, 2003 Весник „Народна волја“, Благоевград, 1999 - 2006 „Пиринскиот Страдалник“ - Скопје, 2009

Наводи

Надворешни врски

Чест и почит - Крсто Јанчев Димитров

Категорија:Јаново Категорија:Луѓе од Лехово (Валовишко) Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонци во Австралија