Согукчешме Сокаги (турски: Soğukçeşme Sokağı; буквално: Улица на Студената Чешма) претставува една мала улица со историски куќи во Султанахмед, помеѓу музејот Аја Софија и Топкапи-сарај, во Истанбул, Турција. Слободна зонска улица била именувана по фонтаната која се наоѓа во паркот Ѓулхан.

Улицата е составена од неколку дрвени, на два или три спрата куќи, кои датираат од османлискиот период на градот, односно кон крајот на 19 век и почетокот на XX век. Областа уште се нарекува и "Ayasofya Konakları" или Палатите кај Света Софија. Вкупно девет од овие куќи работат како хотели.

Како најпознат гост којшто престојувал во овој хотел била шпанската кралица Софија во пролетта на 2000 година, која престојувала четири ноќи.

Овде е и родното место на шестиот претседател на Турција, Фахри Корутурк (1903-1987).Ayasofya Pensions Во една од куќите се наоѓа и библиотеката Китаплиџи, која поседува повеќе од 10.000 книги.lDevletşah

Наводи

Извори

Надворешни врски

Согукчешме Сокаги

Категорија:Улици во Истанбул Категорија:Отоманска архитектура во Турција Категорија:Реконструирани проекти во Истанбул Категорија:Хотели во Истанбул Категорија:Знаменитости во Истанбул Категорија:Фатих (Истанбул)