300px|мини|Бенгалска хинду свадба Културата во Индија е обликувана според нејзината долга историја, единствената географија, најразличната демографија и апсорција на обичаи, традицијата и идеите на некој од своите соседи, но секако и зачувување на своето античко наследство, кои биле формирани за време на цивилизацијата во долината на реката ИндJohn Keay (2011), India: A History, 2nd Ed – Revised and Updated, Grove Press / Harper Collins, , see Introduction and Chapters 3 through 11Mohammada, Malika (2007), The foundations of the composite culture in India, Aakar Books, и кои продолжиле да се развиваат во Ведскиот период, прифатени или отфрлени од Будизмот, Златната Доба, Муслиманското освојување и Европската колонизација. Огромното шаренило на религијата, јазиците, обичаите и традицијата во Индија ја илустрираат оваа исклучителна мешавина, во последните пет милениуми. Различната Индиска традиција и религија кои произлегуваат од ова соединиување имале големо влијание во светот.

Религија

Индија е родно место на древните религии како што се Будизмот, Хиндуизмот, Џаинизмот и СикизмотAdams, C. J., Classification of religions: Geographical, Encyclopædia Britannica, 2007. Accessed: 15 July 2010. Древните религии попознати како Индиски религии претставуваат форми на светска религија веднаш до Аврамските. Денес во светот Хиндуизмот и Будизмот претставуваат трета и четврта најголема религија со околу 1.4 милијарди следбеници.

Индија е една од најголемите религиозно различни нации во светот, со длабоко религиозно општество и култура. Религијата сѐ уште игра централна и дефинитивна улога во животот на поголемиот дел од населението.

Процентуално 80.4% од населението во Индија се следбеници на Хиндуизмот, додека 13.4% од населението се Муслимани. Јанизмот и Сикхизмот, а особено Будизмот се влијателни не само во Индија туку и ширум светот. Исто така и Христијанството и Јудизмот се застапени во Индија меѓутоа во многу мал број. И покрај силното влијание на религијата во животот на луѓето, присутен е и атеизмот заедно со толеранцијата кон другите вери.

Општество

Според Макар традиционалната индиска култура е дефинирана според релативно строгата социјална хиерархија. Тој исто така укажува на тоа дека уште од најраното детство, децата ги учат и практикуваат својата улога и место во општеството. Ова е засилено и од фактот дека верувањата во различни богови и духови имаат составна и функционлна улога во одредувањето на нивните животи. Неколку разлики како што е религијата ја делат културата. Но значитечлно посилна поделба постои кај Хиндуизмот којшто се дели на незагадени и загадени окупирања. илјадници години овие групи се предводени од строги социјални табуа. Во последните неколку години, особено во градовите, некои од овие движења избледуваат, а некои од нив дури и исчезнуваат. Нуклерните семејства стануваат централни во Индиската култура. Важните семејни врски се зацврстуваат кога одреден род, потомство или клан се одредуваат за Хинду религијата уште пред нивното раѓање. Во руралните средини сосема е нормално три до четири генерации во семејството да живеат под ист кров. Семејните проблеми најчесто се решаваат со патријахатот. Меѓу земјите во развој, Индија има релативно ниско ниво на професионална и географска подвижност. Луѓето најчесто ги бираат истите професии како и своите родители и многу ретко географски се движат во општеството. За време на националната преселба, претенциозното однесување е изоставено. Рамноправното однесување и социјалните служби се промовираат додека небитното трошење на пари се презира, а трошењето на пари за „покaжување” се смета за грев. Оваа слика е претставена дури и во политиката каде што и политичарите носат едноставна, рурална облека.

Семејствто

Во Индија со векови преовладувала традицијата на семеен заеднички систем. Тоа претставува систем на заедничко живеење кој го опфаќа и поширокото семејство, како што се на пример родителите, децата, сопругите на децата, внуците и слично. Најстариот член на семејството, најчесто најстариот маж е глава во заедничкиот индиски семеен систем и тој ги донесува сите важни одлуки и правила, додека останатите членови на семејството мора да ги почитуваат. Аранжираните бракови имаат традиција во Индиското општество со векови. Дури и денес, поголемиот дел од младите Индијци дозволуваат нивните бракови да ги планираат нивните родители или угледни членови на семејството, секако со согласност на невестата и младоженоцот. Аранжираните бракови се прават врз основа на повеќе фактори како на пример возраста, висината, личните вредности и вкусови, потеклото на нивните семејства (богатство, социјална положба), сталежот на кој припаѓаат како и дали младоженците си одговараат според хороскопските знаци. Во Индија бракот се смета за доживотен и според ова, стапката на развод е особено ниска 1.1% во споредба со стапката на развод во САД која изнесува 50%. Генерално аранжираните бркови имаат релативно ниска стапка на разводи. Стапките на развод значително се зголемиле во последните неколку години: „Мислењата во врска со оваа појава се поделени: за некои традиционалисти зголемениот број на разводи е последица на распадот на општеството, додека за некои модернисти ова е последица на зголемената моќ на жената.” Иако бракот на деца беше забранет со закон во 1860 година сепак продолжил да се практикува во некои рурални делови на Индија. Според извештајот на УНИЦЕФ „членка на советот на децата-2009” жените на возраст од 20 до 24 години биле омажени пред законската возраст од 18 и тоа 56% во руралните средини. Извештајот исто така, покажува дека 40% од браковите на деца се случиле во Индија. Индиските имиња се засновани на најразлични системи, кои се разликуваат од регион до регион. Имињата исто така можат да бидат и под влијание на сталежот, религијата или најразличните епови. Населението во Индија зборува најразлични јазици. Иако жените и мажите се рапноправни пред законот и тенденцијата кон половата еднаквост е забележителна, сепак мажите и жените имаат различни функции во општеството. Улогата на жената во општеството најчесто е вршење на домашните обврски или бесплатна работа во заедницата. Оваа мала стапка на учество е од идеолошки и историски причини. Жените и нивните проблеми се појавуваат само од 7 до 14% од времето во вестите. Во многу индиски семејства жените не поседуваат никаков имот ниту пак имаат дел од имотот на своите родители. Поради слабите спроведувања на законите за нивна заштита жените и понатаму имаат ограничен пристап до замјиштето и имотот. Во многу рурални семејства девојките и жените се подложени и на дискриминација во однос на храната, па затоа поголемиот дел се анемични или прегладнети. Тие сѐ уште се во позадина на мажите кога станува збор за приход или професија. Традиционалната хинду уметност е многу популарна меѓу жените во Индија. Исто така како популарни и влијателни се сметаат списанијата Фемина, Женска Ера и слични.

Животни Разновидната флора и фауна во Индија, имала големо влијание врз развојот на културата во регионот. Заедничкото име за шумите со див свет во Индија е џунгла коешто било прифатено од Англиките колонии. Овој збор е застапен и во делото на Рудард Киплинг Книга за џунглата. Живот свет во Индија претставува предмет на бројни други приказни и басни. Во хиндуизмот кравата се смета како симбол на ахисма(без насилство) мајка божица која носи богатство и среќа. Поради оваа причина кравите се сметаат за најценети животни во Хинду културата и хранењето на кравите се смета како чин на обожување.

Начин на живот Намасте Намасте, Намаскар или Намаскарам е најчесто употребуван поздрав во Индиското општество. Поздравот Намаскар се смета за една поформална верзија отколку останатите, и со овој поздрав се искажува длабока почит. Најчесто се користи во Индија и Непал, но и во други земји. Во Индиската и културата во Непал, овој збор се употребува за отпочнување и на пишана и на вербална комуникација. Во јогата намасте значи „Светлината во мене ја почестува светлината во тебе”, оваа изрека ја користат инструкторите за јога како и нивните ученици. Во буквален превод би значело „Ти се поклонувам”. Зборот има латинско потекло "namas" што значи поклонување, почитување и "te" што значи тебе. Кога се упатува овој поздрав најчесто е проследен со поклошување, со втиснати раце, втиснати дланки и прсти нагоре, во предниот дел на градите. Овој гест може да се направи и без зборови или пак за повикување на некој друг Бог, но сепак го има истото значење.

Облекаhttp://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/7/79/Button_reflink.png

Традиционалната индиска облка за жени претствуваат носиите како и „Гадраха Цхолис”. За мажите традиционланите облеки се „Дхоти” или „Курта”. Делхи се смета за моден град во Индија и претствува домаќин на Модната недела. Во некои делови на Индија особено во селата сѐ уште се носат овие традиционални носии. Делхи, Мумбаи и Ахмедабад се места кај што луѓето најчесто одат на шопинг. Во јужна Индија и Тамил мажите носат долги бели платна во форма на панталони, а над нив носат маици, кошули или нешто друго. Жените најчесто носат долги ткаенини во шарени дезени, попратено од едноставна модерна блуза. Ова најчесто го носат помладите жени и девојките. Малите девојчиња најчесто носат „павада”, што претставува долго здолниште кое се носи под блузата и најчесто се во шарени бои. „Бинди” е дел од женскта шминка која жените ја носеле како точка на средина на челото. Традиционално црвената точка ја носеле омажените жени во Индија, но сега претставува дел од женската мода. Исто така „бинди” ја сметале како трето око, кое гледа она што другите очи не гледаат, а исто така го заштитува и мозокот од сонцето.

Празници

Индија како мулти-културна и мулти-религиска земја, празнува фестивали и празници на најразлични религии. Трите национални празници во Индија, „Денот на Независноста”, „Денот на Републиката” и „Ганди Јауанти” се прославуаат со голема ревност и ентузијазам. Покрај тоа многу држави и региони имаат локални фестивали распространети во зависност од религијата и јазикот. Одредени фестивали во Индија се прославени од сите религии. Како на пример празникот „Дивали” кој го слават Хиндузите и Јаните, како и „Будх Пурнима” која што исто така го слават Хиндузите и Будистите. Муслиманските празници како што е „Рамазан” го слават во Индија. Постојат и многу други празници кои се дел од големото шаренило на Индија и нејзината култура.

Индиска кујна

Најразличната Индиска кујна се одликува со својата софистицирана и суптилна употреба на многу зачини и билки. Секое семејство од оваа кујна се одликува со широк избор на јадења и техники за готвење. Иако поголемиот дел од индиската храна е вегетаријанска, многу традиционални јадења вклучуваат пилешко месо, јагнешно месо, риба или друг вид на месо. Храната претставуваа многу важен дел во Индиската култура и игра значајна улога во секојдневниот живот и секојдневната исхрана. Индиската кујна се резликува од регион до регион што претставува резултат на различното етничко општество. Генерално може да се подели на пет категории: Северна, Јужна, Источна, Западна и Северно-источна кујна. И покрај сета оваа разновидност, сепак постои нешто заедничко за оваа кујна. Разновидната употреба на зачини се интегрален дел од подготвовката на храната и се користат за подобрување на вксусот на една нација за создавање единствени вкусови и мириси. Индиската кујна исто така била под влијание на различни културни групи кои биле дел од нејзината историја, како што се Персијците и многу други европски колонисти. Сепак многу традиционални индиски јадења уживаат и голема популарност во светот. Индиската кујна е една од најпопуларните во светот. Историски гледано индиските зачини и билки се едни од најбараните трговски артикли. Трговијата со зачини помеѓу Индија и Европа доведе до пораст и доминација на арапските трговци. Популарноста на „кари” и многу други зачини кои потекнуваат од Индија, низ цела Азија најчесто се етикирани како „пан-азиски”.

Литература