Стојан Ристески — македонски научен работник, поет и раскажувач.
Роден е на 2 ноември 1932 година во Лешани, Охридско. Со основно образование се стекнал во Лешани, Белчишта и Охрид. Во Битола, тој завршил учителска школа, а во Скопје, тој завршил Виша педагошка школа и Филозофски факултет (група Историја на книжевностите на народите на Југославија). На 30 јуни 1975 година, тој докторирал на Филозофскиот факултет во Нови Сад, со тезата „Книжевното дело и живот на Радослав К. Петкоски“.Мишо Јузмески: „Пофални слова“ , Благоевград, 2006
Д-р Стојан Ристески работел во основните училишта во селата Оровник, Злести и Требеништа, како и во учителската школа и во Гимназијата во Охрид (1960 - 1978); бил самостоен педагошки советник за македонски јазик (1978 - 1983). Од 1983 до пензионирањето во 1993 година, тој бил професор по македонски јазик на универзитетите во Приштина и Ниш, а на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, тој предавал Културно наследство и Култура на однесувањето.
БиблиографијаСтојан Ристески: „Библиографија“, Струга, 2012
„Методија Патче“ (1974) „Дејан Војвода“ (1974) „Естреја Овадја Мара“ (повест, 1978; во скратена форма на еврејски јазик во Израел, 1984) „Жубори“ (стихозбирка, 1978) „Лазар Поп Трајков“ (1980) „Коста Абраш“ (1981) „Велгошти“ (1982) „Литературни испитувања“ (1983) „Прилози за писмените задачи и за литературниот јазик“ (1983) „Македонски текстови“ (1987) „Создавање на современиот македонски литературен јазик“ (1988) „Костурчанки“ (1988) „Две македонски судбини“ (1988) „Григор Прличев - нови страници“ (1989) „Оровник и Подмолје“ (1989) „Легенди и преданија за Свети Наум“ (1990) „Партизанскиот одред “Славеј““ (1990) „Народни приказни, преданија и обичаи кај Египќаните (Еѓупците) во Македонија“ (1991) „Една голооточка голгота“ (1991) „Една необјавена македонска граматика“ (1991) „Преспа под Албанија“ (1993) „Судени за Македонија“ (1993 / 1995 / книга 2, 1996) „Табу темата: Киселинов - Конески“ (1994) „Невините жртви Босилка и Стојанчо“ (1994) „Волино“ (1995) „Непробол“ (стихозбирка, 1995) „Голготата на Гоцевата внука Катерина“ (1997) „Литературно-фолклорни прилози“ (1999) „Навраќања на историски теми“ (2000) „Прилози за историјата на македонскиот јазик“ (2000) „Лешани“ (2000) „Невреме“ (раскази, 2000) „Стенографски белешки од Првата јазична комисија (2000) „Естреја“ (2001) „Моите кодоши“ (2001) „Голооточка исповед“ (2003) „Охридското Езеро и неговата заштита“ (2003) „Златните раце на Вангел Деребан“ (2003) „Војводата Аргир Маринче“ (2003) „Свештеникот Васил Попангелев“ (2003) „Верица“ (2004) „Пред карикатурата“ (2004) „Записи за Миќуновиќ“ (2005) „Охридски митрополиски кодекс“ (2005) „Вишенската црква Света Петка“ (2007) „Димитар Узунов“ (2007) „Манастирот Света Пречиста Кичевска“ (2007) „Си Свети (Сите Светии) од село Лешани“ (2007) „Белички светости“ (2008) „Прогонуван за идеја, Славе Циркоски“ (2008) „Воислав И. Илиќ: алка на две литератури, на две култури“ (2010) „Сеќавања за генералот Васко Карангелески“ (2011) „Библиографија“ (2012)
Надворешни врски Велгошти , текст на делото
Извори
Категорија:Луѓе од Лешани Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски средношколски професори Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје