Александар Донски (р. во ) — македонски книжевен преведувач, раскажувач и историчар.
Животопис Тој бил роден на 18 ноември 1960 година во Штип, во уметничко семејство. Основно и средно образование завршил во Штип, а дипломирал на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата Историја на уметноста со археологија.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009.
Александар Донски има објавувано бројни написи во повеќе списанија и на различни теми. Автор е на неколку документарни радио емисии. За својата работа има добивано и награди. Повеќе години соработувал со „Народна волја“ од Горна Џумаја, „Македонско Сонце“ од Скопје и „Австралиско-македонски неделник“ од Мелбурн.
Работи во Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“.
Објавени книги
250px|десно|мини|Корицата на „Етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите“. Јапонскиот печат за Илинденското востание (1987) Фолклорното богатство на Штип (1989) Натприродни огласи (1994) Што ќе нѝ се случи по смртта? (1995) Морбидни раскази (1996) Судбина (објавена на бугарски во Софија, 1997) Етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите (2000) Исус Христос и Македонците (2000) Уделот на Македонците во светската цивилизација (2002) Античко-македонското наследство во денешната македонска нација (2000) Денешните потомци на Самоиловата царска династија (2004, 2008) The descendents of Alexander the Great of Macedon (Štip, Sidney 2004) Сведоштва за Илинденскиот период (заедно со Атанас Кирјаков од Благоевград, 2005) The genealogical lineage between queen Elizabeth II and the medieval Macedonian czar Samuel (Shtip/Sidney, 2005) Македонското потекло на некои од американските претседатели (2006) Сите светители од Македонија (2006) Денешните потомци на античко-македонската царска династија (2007) Византиски цареви од македонско потекло (2007) Тајната на бакарната книга (2007)- роман Обединувањето на Македонија (2008) - роман Американски јасновидец во контакт со духот на Александар Македонски (2009) - роман Старогрчки и други антички сведоштва за посебноста на античките Македонци (2011)
Наводи
Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски историчари Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје