Александар Алексиев — македонски поет, романописец, критичар, книжевен историчар и театралог.

Роден е во Кочани на 20 август 1929 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил директор на Радио Скопје, на Архивот на Македонија и професор на Факултетот за драмски уметности. Долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Член на ДПМ од 1959 година. Една година бил затворен на Голи Оток, за што пишува во својот роман „Деветте круга на пеколот“.Јелена Лужина „Замина основоположникот на македонската театрологија“, Утрински Весник“ Почина на 22 февруари 2006 година.

Книжевно творештво Песни (1955) Основоположници на македонската драмска литература (студии, 1972) Војдан Чернодрински (монографија, 1974) Антон Панов (монографија, 1974) Македонската драмска литература (студии, 1976) Македонската драма меѓу двете светски војни (студија, 1976) Илинден и македонската драмска литература (студија, 1983) Низ литературното минато и сегашноста (студии, 1985) Љубов за љубов (монографија, 1994) Деветте круга на пеколот (роман, 2000)

Ги уредил собраните дела на: Војдан Чернодрински, во пет томови (1975) Васил Иљоски, во три томови (1979)

Награди Добитник е на наградите: „11 Октомври“ и „Војдан Чернодрински“ и „Златно перо“ за преведувачка дејност.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Кочани Категорија:Затвореници на Голи Оток Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје