Ферид Мухиќ (босански: Ferid Muhić; Махоје, БиХ, ) — македонски универзитетски професор, филoзоф и публицист.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 168 - 169.
Животопис Мухиќ е професор по филозофија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, каде и ја започнал својата академска кариера како асистент на Институтот за социолошки истражувања во Скопје во 1970 година. На Катедрата за филозофија започнал како асистент во 1974, а вонреден професор бил од 1976 до 1980 година. Редовен професор е од 1980 година. Тој е почесен професор на Меѓународниот институт за исламска мисла и цивилизација од Куала Лумпур, Државниот универзитет на Флорида, Универзитетот Сиракуза во Њујорк, Сорбона 8 во Париз, Универзитетот на Југоисточна Европа и неколку универзитети во Југоисточна Европа. Главни професионални преокупации му се современа филозофија, културна антропологија, естетика, филозофија на политиката. Добитник е на Меѓународната награда Златен прстен за книжевен опус за 2009 година.
Библиографија Книги Методи на критиката, 1977; Мисла; Револуции и класни борби, 1978; Култура; Филозофија на иконоклазмот, 1983, Босна и Херцеговина; Мотивација и медитација, 1988; Македонска книга; Штитот од злато, 1988; девет изданија до сега, преведени на македонски, англиски, француски, албански и турски, првото издание публикувано од Просвета, Југославија; Ноуменологија на телото, 1994; Табернакул; Soul's Rose, 1994; Јазикот на филозофијата, 1995; Македонија: Catena Mundi, Табернакул, 1995; Разум и моќ, Битола, 1996; Yugoslavia and After, Longman, UK; Големата градба и други разговори со непознатиот, 2001; Блесок; ISBN 9989-59-006-0 Логос и хиерархија, Скопје, 2001. Големата градба и други разговори со непознатиотв , Блесок Прамен волна , Блсок, ISBN 9989-59-014-1 Потомци на Боговите,Скопје, 2006
Поезија Falco Peregrinus, 1988; Стотина чекори нагоре, 1994; Чадот од догорчето на сонот, 1996. Врв'', Бенгу, Анкара
Наводи
Категорија:Македонски филозофи Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски Бошњаци Категорија:Македонски планинари Категорија:Родени во Босна и Херцеговина Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Родени во 1944 година